|
||||
Во име на нашата заедничка кауза Македонија |
Вчера во Штип се одржа промоција на капиталното дело од д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни под наслов „Македонци – милениумски сведоштвта за идентитетското име (документи и анализи)“ во кое на речиси 900 страници Б5 формат се претставени содржините на повеќе стотици сведоштва за постоењето на Македонците низ историјата уште од античко време. Книгата несомнено се појавува во вистинско време кога нашите негатори повторно се повампирија. Промотори на книгата беа: проф. д-р Наташа Котлар, проф. д-р Теон Џинго и м-р Александар Јорданоски, а модератор беше м-р Марјан Гијовски. Голема чест ми направи авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни со посветата што ми ја напиша во книгата: „На човекот од кого учам и се инспирирам, на Александар Донски во име на нашата заедничка кауза Македонија“. Александар Донски |