|
||||
ДАЛИ АКТОТ НА ПРИЗНАВАЊЕ ОД ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА НА „ОХРИДСКАТА ЦРКВА“ ЗА КАНОНСКА Е СЛИЧЕН НА ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР? |
Една од најголемите христијански заповеди гласи: "Сакај го ближниот како што се сакаш себе си". Оваа заповед, за жал, не се однесувала за Балканот ниту за во минатото ниту за денес во несфатливата „битка“ во Европа кога постои антагонизам меѓу Македонците и нивните соседи. Според тоа, меѓу различните народи на Балканот и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира се’ што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие соседни и христијанските народи.. Дел од оваа вистина сè уште е присутна и сега и многу видови на живот на соседите понекогаш влијаат на иднината на соживот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се претворат во своевидни лавиринти на апсурдот. Христијанската заповед "Сакај го ближниот како што се сакаш себе си"како да си го најде своето место и се зацврсти од понеделникот 09 мај 2022 година кога, според званичните новинарски, црковни и други државнички извештаи. На тој ден со одлука на Заседанието на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен од Неговата сесветост, патријархот вселенски г. г. Вартоломеј, се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата црква, каде, за жал, не се споменува ни терминот „Македонска православна црква (МПЦ)“, ни „Охридска Архиепископија (ОА)“, што за нас Македонците таквата Одлука личи на оние штетните одлуки за Македонија и македонскиот народ од Преспански договор од Нивици. Затоа, за подобро информирање на читателите си дозволив да го поместам оригиналниот текс на англиски јазик од Вселенската патријаршија објавен на нејзиниот саит, во кој се вели следното: Communiqué (May 9, 2022) Ανάρτηση 09/05/2022 The Holy and Sacred Synod convened today, Monday May 9, 2022, under the chairmanship of His All-Holiness Ecumenical Patriarch Bartholomew, and discussed extensively the ecclesiastical matter of Skopje. Having assessed in its final stage the petition of appeal of that Church to the Mother Church, along with the repeated pleas of the State of North Macedonia, it made the following decisions: It welcomes into eucharistic communion the Hierarchy, clergy and laity under Archbishop Stefan of this Church, thereby healing the wound of schism and pouring “oil and wine” on the ordeal of our Orthodox brethren in that country. To this end, the appropriate Patriarchal and Synodal Act is issued. It cedes to the Most Holy Church of Serbia the regulation of the administrative matters between itself and the Church in North Macedonia, in the context of course of the sacred canonical order and church tradition. It recognizes “Ohrid” as the name of this Church (understood as the region of its jurisdiction solely within the boundaries of the territory of the state of North Macedonia), as also promised in writing to the Ecumenical Patriarchate by its Primate. Thereby excluding the term “Macedonian” and any other derivative of the word “Macedonia.” The Ecumenical Patriarchate continues to express interest for the growth, progress and stability of this ecclesiastical entity of Ohrid, just as it has done through the centuries for all the local Orthodox Churches, as “the inn of love, the source of piety of all Orthodox Christians” (Metropolitan Paul of Drama). At the Patriarchate, on May 9, 2022 From the Chief Secretariat of the Holy and Sacred Synod https://ec-patr.org/communique-may-9-2022/ Што во превод на македонски јазик значи: Комунике (9 мај 2022) Ανάρτηση 05.09.2022 Светиот и Свет Синод се состана денеска, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата пресветост вселенски патријарх Вартоломеј, на кој опширно се разговараше за црковното прашање на Скопје. Откако во својата завршна фаза ја оцени жалбата на таа Црква до Мајката црква, заедно со повторените молби на државата Северна Македонија, таа ги донесе следните одлуки: Таа ги пречекува во евхаристиско заедништво архиерејството, свештенството и мирјаните под архиепископот на оваа црква Стефан, со што ја исцелува раната на расколот и истура со „масло и вино“ на маките на нашите православни браќа во таа земја. За таа цел се издава соодветниот патријаршиски и синодален акт. На Пресветата црква на Србија и’ се отстапува регулирањето на управните работи меѓу неа и Црквата во Северна Македонија, во контекст, се разбира, на светиот канонски поредок и црковната традиција. Таа го признава „Охрид“ како име на оваа црква (сфатена како регион на нејзина јурисдикција исклучиво во границите на територијата на државата Северна Македонија), како што писмено и’ вети на Вселенската патријаршија од нејзиниот примат. Притоа исклучувајќи го терминот „македонски“ и кој било друг дериват на зборот „Македонија“. Вселенската патријаршија продолжува да искажува интерес за растот, напредокот и стабилноста на овој црковен ентитет Охрид, исто како што тоа низ вековите го правело за сите помесни православни цркви, како „извор на љубовта, извор на побожноста на сите православни христијани“ (Митрополит Павле Драмски). Во Патријаршијата, на 9 мај 2022 г Од Главниот секретаријат на Светиот и Свет Синод Komunike (9 maj 2022) Anártēsē 05.09.2022 И покрај тоа што овој акт може различно да се толкува, сепак тој ги разгоре страстите, од една страна кај одреден број Македонците во Република Македонија и во голем број кај македонското иселеништвото ширум светот, а од друга страна и кај нашите соседи кои се христијани како нас, а се различни народи и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген. Со овј акт започна, или кај некои соседи продолжи, за жал, да се негира се’ што ние Македонците поседуваме со векови, како соседен и христијански народ.. Тоа секако влијае на иднината на соживотот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се претворат во своевидни лавиринти на апсурдот. Некои од соседите забораваат дека почнувајќи од древните времиња па до денес, Македонија беше, е, и ќе биде место каде што се вкрстуваат различни цивилизации и религии. Така, христијанството се појави на овие балкански простори пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дојде во Македонија, која како земја, неколку пати се споменува и во Библијата. Историски гледано, почнувајќи од епохата на Александар Македонски преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Славјаните кон југ а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија беше крстосница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Во текот на овие долги и важни периоди само две нации го избраа името на земјата како дел од нивниот идентитет - древните Македонци и Македонците денес. Во овие за некои среќни, за некои тажни моменти меѓу македонските христијани, во последен момент исклучок направи Српската православна црква (СПЦ). Имено, во текстот на српскиот гласник „Курир.рс“ кој се потпира на извори на СПЦ, пишува дека на Соборот во Сремски Карловац,што започна на 15 мај 2022 година, посветен на масовната прослава на 100 годишнината од Томосот за автокефалвност и обединувањето на сите српски црковни делови во една Обединета Српска црква, официјално ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата Македонската православна црква (МПЦ), Со тоа, конечно по 55 години од расколот, треба да падне помирување со црквата во Македонија., Потоа во текстот се вели дека рпската црква го признава единството со сегашните расколници во Македонија во рамките на Охридската архиепископија. СПЦ сакаше тоа да го направи сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да покаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога тие се сретнаа во Ниш патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви. Исто така, српски „Курир рс“ пишува што ќе се случува со црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија. ПОА на Вранишковски ќе се претопи во МПЦ-ОА, а Вранишковски ќе замине во пензија поради нарушено здравје, Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПОА, Јован Вранишковски ќе се пензионира за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, дознава „Курир.рс“. Според нивниот извор, другите тројца владици Марко, Давид и Јоаким, кои биле најблиски соработници на Вранишковски, ќе добијат управа на еден од манастирите во Македонија, па ќе го задржат епископскиот чин или ќе добијат епархии во рамките на Охридската архиепископија. Актот на признавањето по 55 години на Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија, како едната, света, соборна и апостолска Црква, од страна на Српската православна црква, со што конечно ќе заврши расколот меѓу двете цркви, заслужува посебно внимание и почит. Со тоа практично се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во Република Македонија. Исто така, со актот на Синодот на Вселенската патријаршија да ја тргне 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење со македонските владици, свештениците и со народот, е секако за почит и за поздравување. Меѓутоа, останува прашањето дали промената и изоставувањето на имињата Македонска православна црква, Охридска архиепископија, македонски христијански верници, древни македонски цркви и манастири и тн, од страна на Синодот на Вселенскиот патријарх, нема да биде слична како онаа злокобната промена на името на Македонија со Преспанскиот договор?. Но да се надеваме дека овој пат, минатото нема да се повтори, ниту сентенцата на учениот Виргилије „Да се плашиш од Данајците и кога подарок ти носат“. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |