Понеделник, 16 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
ОМО Илинден-Пирин : Колку ниско може да падне еден „борец за права“?!

281166624 5592956177399192 7143847556092393172 n

ОМО Илинден-Пирин

Многу ниско.

Го докажа тоа „борецот за права“ Виктор Канзуров.

1kan1903

Поминаа три недели откако македонските организации во Бугарија му оддадоа почит на Јане Сандански. Три недели нивните венци беа на споменикот на војводата во Мелник и никој местен не се најде да ги тргне, а дури ниту туристите од Бугарија. Ама се најде „јунак“ – „борец за права“, Бугарин од Република Македонија, кој ја зел за помошник во големото дело и својата жена, па дојде и да ги фрли во корпа венците дадени за почит на војводата. Да газат на лентата на организацијата на Репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, на луѓе што лежеле во бугарски затвори затоа што се Македонци и кои за разлика од измислените непостоечки „репресирани Бугари“ во Македонија ги имаат своите пресуди тоа да го докажат.

И да се фали преку жена си со тоа на фејсбук!

280592089 5592955587399251 806365036003721674 n

И секакви националисти и македономрасци од Бугарија да го слават за тоа.

Достоен херој на бугарштината.

И срам за човештината!

https://m.facebook.com/story.php...

Македонците од Бугарија преку своите организации повеќе пати имаат искажано поддршка спрема припадниците на бугарското малцинство во Македонија – но никогаш не добиле ист третман од самоповиканите претставници на Бугарите во Македонија. Еве го одговорот.

Поминаа вее неколку месеци во кои организациите на Македонците во Бугарија ги повикуваа организациите на Бугарите во Македонија да излезнат заеднички пред двете влади за решавање проблемите, признавање на двете малцинства и давање на сите меѓународно гарантирани права. Но или не добија одговор или добија негативен.

А сега на тоа се додаде и отворениот непријателски акт од Виктор Канзуров и жена му, кои дојдоа специјално за да им ги тргаат венците на македонските организации во нивниот сопствен крај, да ги газат и демонстративно да ги фрлаат во корпа.

Замислете некоја организација на Македонци од Бугарија да тргне низ Р Македонија да ги фрла венците поставувани од бугарски организации. Не можете. Ние имаме достоинство.

Не, не сме исти – ние македонските активисти во Бугарија сме борци за права не само за Македонците, за права на сите, додека оние како Канзуров и сличните на него, се просто примитивни националисти, кои се борат своите перверзни соништа да ги претворат во ноќна мора за останатите.

Врз такви луѓе се потпира бугарската антимакедонска политика. Таква политика само такви луѓе и може да најде.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.