Вторник, 17 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Премногу е, молчењето не е опција, протест за рушење на владата

1VMRO9

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се разгледа целата ситуација во која се наоѓа државата, оценето е дека СДСМ и ДУИ имаа доволно време да покажат што можат и умеат и да ја придвижат државата напред. Тоа не го направија, напротив, државата е уназадена, народот посиромашен, а криминалот е секојдневие.

Од тие причини на 18 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира голем протест пред владата за промени и пад на оваа власт.

Констатирано е дека како држава заради неспособноста на оваа власт поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани.

Власта не понуди навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека ќе се случи.

СДСМ и ДУИ не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.

Откако се на власт јавниот долг на државата се зголеми енормно, и од 4.7 милијарди во 2017 година, сега истиот изнесува над 7.2 милијарди. Ништо не е изградено, а странските инвестиции се на исклучително ниско ниво.

Дебакл има и на меѓународно поле.

Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Најголем кратер има во правосудството, исто и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.

Сето тоа е пропратено со високиот степен на корупција, која се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.

За  крај неспособноста на оваа влада однесе многу животи, и за тоа секогаш никој не е одговорен. Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.

Протестот е повеќе од неопходен. Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на 18 јуни и сите заедно да ги донесеме промените.

Премногу е!

Ова е протест за промени!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.