|
||||
Стоилковски: Најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе претставува катализирање на незадоволството од Власта до конечен пораз |
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински Брифинг“ зборуваше за најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 18 јуни и посочи дека тој протест ќе се одржи како резултат на недовербата на граѓаните и незадоволството од Владата и всушност ќе претставува катализирање на тоа незадоволство се до конечен пораз. -Цел еден месец кој ќе биде проследен со активности кои ќе бидат во рамки како продолжение на оваа активна блокада на Собранието, оној активен отпор на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата кон овие катастрофални, штетни политики на оваа власт после 5 години. Апсолутно се гледаат и рејтинзите на довербата кон Владата односно недовербата кон Владата, на оние анкети кои редовно се спроведуваат, се гледа дека повеќе од две третини од граѓаните јасно се изразуваат против власта. Недовербата кон оваа власт е нормална и ова ќе биде катализирање на она незадоволство до конечен пораз на катастрофите за Македонија, рече Стоилковски. Портпаролот Стоилковски во текот на своето гостување се осврна и на активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и потенцираше дека таа блокада во Собранието е токму за да се спречат штетните закони и решенија кои оваа власт ги предлага. -Активната блокада е токму тоа спречување на штетните закони и решенија кои ги предлага оваа власт која зад себе има тешки криминогени и лукративни моменти и кои одат на штета на државата, кажа тој. Стоилковски исто така говореше и за снимката за Талат Џафери и додаде дека јасно е дека нема сомнеж кој зборува и се обраќа на снимката. -Одеше во живо на Собраниски канал, од Собрание ја потврдија автентичноста на снимката и кој зборува, Талат Џафери го потврди сето тоа, јавноста го виде сето тоа, кажаа дека микрофоните биле вклучени и оставени така што нема сомнеж кој зборува и кому се обраќа, вели тој. |