Денес на големиот празник Свети Кирил и Методиј и денот кога ја слушнавме веселата вест за признавање на МПЦ-ОА од страна на Српската православна црква, членови на претседателството на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ одржаа состанок со членови на раководствата на Општинските Комитети на: УВ Гостивар, УВ Македонски брод и УВ на Маврово Ростуше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.
На денешниот состанок се испратија неколку пораки:
- Несправувањето со пандемиската, енергетската, економската и безбедносната криза, ја натера опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да преземе низа мерки против актуелната власт.
- Поради „украдената демократија“ и против донесувањето на лоши решенија веќе започнаа блокадите во законодавниот дом, а веќе на 18 јуни се спрема голем народен митинг на кој народот ќе го изрази своето незадоволство од актуелната власт и ќе бара предвремени избори.
- Излезот е предвремени избори на кои следува силна победа за ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја спаси Македонија од штетните политики на СДСМ!
- Редно е СДС и ДУИ да заминат во опозиција на подолг одмор, зошто од нив државата има само штета. Редно е да дојдат на власт оние кои имаат доверба кај народот и кои знаат и умеат да ја извлечат земјата од криза, предизвикана од прекумерна „демократија’.
- Силна подршка за политиките кои ги креира Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Др. Христијан Мицкоски,
- Сенародниот протест на 18 јуни ќе биде еден од најмасовните до сега затоа што македонските граѓани сакаат промени, тоа го покажуваат и анкетите
- Членовите на УВ на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и дијаспората се обединети и мотивирани како што беа обединети и мотивирани деведесетите години.
- Ветераните масовно ќе земат учество на најавениот голем протест на 18 јуни.
- Влегуваме во конечната историска битка за спас на Македонија, од оваа битка враќање назад нема.
- 18 јуни е почеток на крајот од владеењето на ова расипничка и антимакедонскла влада.
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ
|