Среда, 01 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
НЕ ПОСТОИ ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА НА ШЕСНАЕСЕТ-ЗРАЧНОТО ЗЛАТНО-ЖОЛТО СОНЦЕ
282042215 7531913336883140 5997345321501579985 n
 
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
 
 
НЕ ПОСТОИ ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА НА ШЕСНАЕСЕТ-ЗРАЧНОТО ЗЛАТНО-ЖОЛТО СОНЦЕ НА ЦРВЕНА ОСНОВА, НИТУ ПО УСТАВ, НИТУ ПО ЗАКОН, НИТУ ПО МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР! НО, ПОСТОИ КРИВИЧНО ДЕЛО ДОКОЛКУ ВЛАСТА ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА ПРОТИВ ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ!
 
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува полициската репресија и судската процесија против раперот Жарко Масларковски, за “сторен прекршок по членовите 14 и 18 од Законот за прекршоците“, кој вечерта на прославата на 2 јуни 2019 година веднаш по освојувањето на втората европска титула на Вардар, решил на грбот да го стави шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, поради што полициски службеник од Полициската станица Центар Скопје “му издал наредба да престане со нарушувањето на јавниот ред и мир, по која Масларковски се оглушил и не постапил“, како што вели обвинението.
 
СМК бара Судот да го отфрли обвинението, а владата на обвинетиот Жарко Масларковски да му исплати оштета за вознемирување поради злоупотреба на службената положба!
СМК укажува дека во согласност со членот 8 став 2 од Уставот на државата Македонија “Во Република Македонија слободно е се’ што со Уставот и законот не е забрането.“
 
СМК информира дека и во ништовната Спогодба Димитров-Коѕиас не постои забрана за употреба на шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа: Во членот 7 од Спогодбата е утврдено дека “Страните прифаќаат дека нивното разбирање на термините ‘Македонија’ и ‘Македонски’ се однесува на различен историски контекст и културно наследство“, Македонија ја афирмира античката македонска цивилизација чии народ, јазик, култура, територија, историја и наследство се различни од “античката елинска цивилизација“! “Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни!“
 
СМК потсетува дека непочитувањето на Уставот, одлуките на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година и на меѓународното право претставува кривично дело за кое се одговара!
 
Спогодбата Димитров-Коѕиас е во спротивност со домашното и со меѓународното право! Спогодбата Димитров-Коѕиас е ништовна, бидејќи е во спротивност со членовите 46, 48, 49, 53, 61 и 64 од Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година! Неправо не може да биде извор на право! Спогодбата Димитров-Коѕиас претставува кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!
 
Спогодбата Димитров-Коѕиас не е ратификувана во согласност со внатрешниот правен поредок на државата Македонија: (1) не е склучена од претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни работи без активна легитимација; (2) не е потпишан указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата од претседателот на Републиката; (3) објавена е во “Службен весник на Република Македонија“ без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација; и (4) ништовна е според меѓународното право!
 
Спогодбата Димитров-Коѕиас не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија! Затоа, примената на ништовен меѓународен договор кој не е ратификуван во согласност со внатрешниот правен поредок на државата Македонија претставува кривично дело!
 
СМК потсетува дека Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 30 декември 2013 година го отфрли предлогот на пратеникот Ивон Величковски од Либерално-демократската партија на Стојан Андов за донесување на Закон за забрана за употреба на семакедонското шеснесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа: Пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ гласаа “против“, пратениците на ДУИ беа “воздржани“, единствено “за“ гласаше беше пратеникот Ивон Величковски!
 
Шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа е семакедонски национален симбол, беше државен симбол на знамето на државата Македонија и претставува нераскинлив дел од културно-историското наследство на Македонија кое никој и никогаш нема да го избрише од колективната меморија и историја на Македонскиот народ во сите делови на Македонија, во светот и во татковината!
 
СМК предупредува: За вандализмот врз семакедонското шеснаесет-зрачното сонце еден ден ќе се одговара поради понижување на Македонскиот народ и уништување на културно-историското наследство на државата Македонија!
 
СМК предупредува: Вандализирањето на објектите во државна и јавна сопственост со уништување на семакедонското шеснаесет-зрачно сонце утврден со Закон на првиот повеќепартиски Парламент на државата Македонија мора да престане! Сторителите, како соучесници мора да бидат свесни, дека со уништувањето на семакедонското шеснаесет-зрачно сонце вршат кривични дела против културното наследство, кривични дела против честа и угледот на Македонскиот народ и кривични дела против човечноста и меѓународното право!
Таму каде што било семакедонското шеснаесет-зрачно сонце повторно ќе се возобнови, неговите вандалисти самите се впишуваат во регистарот за Идризово!
 
СМК ги повикува Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, во секоја прилика, насекаде, во секое време и пред било кој, секогаш кога е можно да го истакнуваат и употребуваат знамето со семакедонскиот симбол - шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа!
 
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.