Петок, 03 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
Панова: Власта избегнува предвремени парламентарни избори, заради тоа што е свесна дека ќе изгуби

Eli PanovaПанова

„Ние од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата никако нема да дозволиме да поминат закони кои што имаат фалинки и кои што имаат недостатоци се со цел одредена корист на одредени поединци или одредена корист на политичките партии кои што се на власт“, истакна Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Објектив“.

Панова додаде дека од моментот кога опозицијата прогласи дека ќе има активна блокада, јасно ги кажа своите принципи и што е тоа кон што се стреми.

„Мора да се каже ретроспектива на сите настани, за да може да се разбере суштината. Видете, најпрвин од страната на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше понудена рака, и беше понудено да се седне на една маса и да се направи еден дијалог и да се поразговара за многу работи меѓудругото и за предвремени парламентарни избори. Во оваа понуда ние понудивме и тимови кои што би се справиле односно би помогнале на Владата која што видовме дека е неспособна, да се справи со цела оваа криза, со сите овие четири кризни состојби во сето ова што во моментов го гледаат и го чувствуваат граѓаните на Република Македонија“, појасни Панова.

Панова посочи дека подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ ја одби власта.

„Единственото нешто што власта треба да го каже е дека избегнува предвремени парламентарни избори, заради тоа што е свесна дека ќе изгуби. Други причини нема. Поднесувавме и кривична пријава против Талат Џафери за однесувањето и за внесувањето, непотребно на пратеници, во најголемата пандемија во Собранието во скафандери, во момент кога важеа сите апсолутни мерки за рестрикции во цела држава. Граѓаните не можеа до дуќан да отидат да си купат леб и потребни намирници, а пратеници позитивни на корона вирус дојдоа во Собранието. Поднесувавме кривични пријави и видовме дека сето тоа не важи на некој кој што е втор човек во државата. Колку сте повисоко на власт, толку повеќе законите за вас не важат, тоа го видовме впрочем и во Собранието“, појасни Панова.

Во однос на интерпелацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја покрена против собранискиот спикер, Талат Џафери поради неговото недолично однесување кон собраниските служби и заклучувањето на пратениците во македонското Собрание, Панова вели дека истата ќе биде успешна затоа што верува дека и во владиното мнозинство има пратеници кои се почувствуваа понижени.

„Јас верувам дека и во власта има пратеници кои што се осетија понижено од сите овие случувања во собранието, од викањето, пцуењето на претседателот на Собранието, лошото однесување кон неговите соработници. Ние пратениците да бидеме понижени, да бидеме заклучени во салата, навистина верувам дека е едно чувство кое што не може да се опише, меѓутоа сами тие го знаат.

Многу жалам за тоа што тие немаат храброст јавно да го кажат тоа и затоа се затскриваат со поддршката на претседателот на собранието.

Тестот е интерпелацијата“, рече Панова.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.