Понеделник, 06 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
Николоски: Го повикувам народот да излезе масовно на 18 јуни

1nikoloski1

Николоски: Го повикувам народот да излезе масовно на 18 јуни, зошто човек плус значи ден помалку за оваа влада

protest

 

СДСМ, а пред се Ковачевски секое сабајле и секоја вечер се молат ДУИ да не им излезе од Влада, и на тој начин да им го продолжи политичкиот век уште некој месец. Така што политичкото опстојување им е сведено на тоа што ќе прави ДУИ, па еве два дена им коленичеа на прославите и концертите по повод 20 години од основање на ДУИ, оние смешни сцени па покрај Ковачевски и Заев беше таму кој што формално е повлечен. Така што тоа е уште една потврда дека Заев од позади сцена ги влече конците и тој е главен играч во СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Во однос на денешното одбивање од страна на пратениците на СДСМ да се расправа за недоличното однесување на собранискиот спикер Џафери, Николоски истакна дека претседателот на комисијата за  деловничко и мандатно имунитетни прашања Панчо Минов сам гласал против точката на дневен ред која самиот тој ја предложил, додавајќи дека истиот тој пратеник Минов нарекувајќи го Прелетачевич е познат на јавноста по брзото менување на политичките ставови по однос на една иста тема.

Ова што го направија сабајле е најлогичната работа што може да ја направат. Има таму еден интересен парадокс а тоа е дека претседателот на комисијата вечниот Прелетачевич Панчо Минов кој што може да напише енциклопедија за политички бегства и менување на политички ставови по однос иста тема. Така што ако има енциклопедија за прелетување на македонската политичка сцена сериозно со уште еден, два лика би се борел за првото место. Е сега истиот тој претседател за деловничко и мандатно имунитетни прашања овој Прелетачевич Панчо Минов, си гласаше против предлогот кој што сам го даде. Значи сам даде предлог на дневен ред да се стави точка за испитување на работата на Талат Џафери, и сам после тоа гласаше против тоа, рече Николоски.

Николоски ги повика граѓаните на 18 јуни масовно да се обединат и да излезат на улица, бидејќи како што рече и еден човек плус на протестот значи ден помалку на оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ, како и дека влада од опозиција се руши само на улица.

Време е народот да излезе на улица и да ги преземе работите во свои работи, очекувам на 18 јуни да дојдат се надевам и над 100.000 луѓе, мислам дека треба да се свесни граѓаните дека еден човек плус на протестот значи еден ден помалку на оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ, потенцираше тој.

Влада од опозиција се руши на улица и на никое друго место, порача Николоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.