|
||||
Премногу е! Затоа придружете се на протестот за рушење на оваа власт, на 18-ти јуни пред владата во 20 часот! |
Премногу е! Поради криминалот и неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ Македонија има 215 илјади помалку работоспособно население за три месециВласта молчи за бројките на државниот завод за статистика кои покажуваат масовен егзодус од Македонија за само неколку месеци. Власта молчи затоа што тие се директно одговорни што бројот на работоспособно население за три месеци, од крајот на 2021-ва до крајот на првиот квартал на 2022 е намален за речиси 215 илјади лица. Во овие бројки на статистика влегува и намалување на вкупниот број на вработени за 103 илјади. Ова е поразително. Најпродуктивното население не гледа перспектива во Македонија поради неспособната, криминална и неодговорна власт на СДСМ и ДУИ. Граѓаните гледаат дека со оваа власт нема функционална држава и функционална економија и масовно си заминуваат од Македонија. Ова мора да престане. Доста е! Премногу е! Затоа придружете се на протестот за рушење на оваа власт, на 18-ти јуни пред владата во 20 часот! |