Среда, 08 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ : Повеќе е од јасно дека е политички реваншизам

1dimce081

Aрсовски: Поради влијанието на СДСМ врз судството, граѓаните ја имаат оваа рекордно ниска доверба во истото

 
Оваа одлука беше донесена само да се убрза тој процес на политички линч врз ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на најавениот протест каде што се знае дека ќе имa многу голем број на граѓани кои што се револтирани од случувањата во државата, односно од оваа национална катастрофа. Она што е многу важно е дека вчера и адвокатите кои беа присутни на рочиштето и останатите правници кои го следеа судењето видоа една сериозна грешка која што ја направи судот каде што се обиде да оневозможи едно право на одбраната, односно на одбраната од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е исто така многу важно да се напомене е дека премногу е симптоматично и  јасно е дека истава оваа пресуда била напишана однапред, се знаела каква ќе биде. Вчера завршни зборови, денес се донесе таа пресуда, така да се знаело бидејќи немаше повеќе од 12 часа за да може да се спреми сето тоа, истакна Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Филибастер на Радио Лидер.
 
Тој посочи дека оваа одлука на судот е однапред смислена и договорена и со ова го загрозуваат правото на некој начин. Според Арсовски поради ваквото секојдневно однесување на власта е довербата во судството на 8%.
 
Дополнително Арсовски се произнесе и околу начинот на кој СДСМ се однесува последните 5 години.
 
Она што го прави СДСМ е повеќе од јасно тераат на сила, тераат надвор од законите, надвор од правните рамки, но ова не е од сега ова е наназад 5 години.
 
ВМРО-ДПМНЕ не е прв пат да биде предмет на ваков политички прогон и линч, така да јасно е повеќе е од јасно дека е политички реваншизам. Што се однесува до одлуката, таа е тенденциозна и очекувам дека повисоките инстанци ќе бидат свесни дека оваа одлука е неправедна и треба да се промени, додаде портпаролот Арсовски.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.