|
||||
Црвено жолтото знаме не обединува во овие тешки моменти за државата |
ВМРО ДПМНЕ: Повик до сите граѓани да понесат државно знаме на протестот, народот дели исти проблеми, да се обединиме во промените Маката, проблемите, инфлацијата, сиромаштијата, корупцијата, распаднатото здравство се работите кои ги засегаат сите луѓе во Македонија. И ова се подеднаквите проблеми кои ги обединуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Власите, и Бошњаците и сите останати. Станавме држава со највисок раст на горивата, држава со најмал раст на БДП во Европа, највисока стапка на инфлација. Овие работи кои силно го тиштат народот може да се менуваат исклучиво преку промени, избори и смена на власта. Премногу е од се што досега видовме од оваа власт на СДС и ДУИ. Затоа на „Протестот за промени" кој ќе се случи во Сабота со почеток во 20 часот, ги повикуваме сите граѓани да понесат со себе државни знамиња, да се обединиме околу македонското сонце и да испратиме порака дека сме обединети сите луѓе во заложбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, и со тоа ќе дојдеме до промени. Испраќаме порака сите граѓани со себе да понесат државно знаме, македонското сонце, да демонстрираме одлучност дека само заедно можеме да ги менуваме работите, само обединети може да обезбедиме иднина. Црвено жолтото знаме не обединува во овие тешки моменти за државата. Илјадници знамиња да ги развиориме за обединување и за нова иднина. Да ги надминеме сите бариери, сите поделби кои власта ги наметнува и да кажеме илјадници грла во еден глас: Премногу е! Народот се одлучи за промени! |