|
||||
СМК: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАРОД И НИВНОТО МЕСТО Е МАКЕДОНИЈА! |
Во Тријазичникот од 1875 година на Ѓорѓија Пулевски се вели:
“Народ се вељид, људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који, живувајед и кои се другарад еден, со, други, и који, имајед, једнакви, обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место, во које живувад, народ, се вељид отечество, од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија!“
Тријазичникот напишан и објавен во 1875 година, или:
- 3 години пред Русија да ја создаде Бугарија,
- 17 години пред да се роди Тито,
- 18 години пред да се формира ТМОРО,
- 28 години пред Илинденското востание,
- 44 години пред да се создаде Коминтерната,
- 59 години пред Коминтерната да ги “измисли“ Македонците,
- 69 години пред Македонија да ja возобнови државноста,
- 70 години пред да се кодифицира Македонскиот јазик,
- 92 години пред да се формираат МАНУ,
- 92 години пред возобновувањето на Охридската Архиепископија
во лицето на Македонската Православна Црква...
Контра душманската антимакедонска пропаганда од повеќе страни, дека некој, пред Господ, ги создал Македонците и Македонија...
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
|