|
||||
Мицкоски: Македонија над се! |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на протест пред Владата посочи дека не сака во Европа затоа што има право да се чувствува како Македонец, кој што говори на македонски јазик и се бори за својата Македонија. „Денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да и стават крај на Македонија, ова нема да им го заборави македонскиот народ“, вели Мицкоски. Тој јасно порача „Не“ за последниот француски предлог.
„Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме“, вели Мицкоски.
|