|
||||
Драган Ковачки : Недела во 19.00 часот пред Влада |
Ги повикувам сите припадници на безбедносните служби, Армија, Полиција (службеници со и без овластувања, војници, полицајци, началници, генерали) и сите останати да го проценат моментот и да дадат поддршка на натпартискиот и сенароден протест против бришењето на македонскиот народ денеска, Недела во 19.00 часот пред Влада.На Македонците им треба обединување позади една партија - таа партија се вика Македонија.
Сега е моментот кога треба да се каже НЕ на асимилација на македонскиот народ.
Гордо, мирно, достоинствено, со масовност да покажеме дека Македонија на сите нам ни е над се' и дека заклетвата што сме ја дале сме должни да ја спроведуваме секаде и секогаш.
Да не дозволиме криминалци и општествени отпадоци да не' распродаваат како стока на пазар, да не' понижуваат и да ни глумат визионерство.
Сега или никогаш!
|