|
||||
Предавничката власт на Ковачевски дозволи понижување само за да се фотографира, евроинтеграциите се во ќорсокак |
Францускиот предлог кој што го прифати владата на Ковачевски освен нивно фотографирање не отвора никакви европски перпективи за Македонија, туку носи ќорсокак. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ туку и експерти кои со години работат на евроинтеграциите на државата. Владата на Ковачевски прифати ултиматум кој носи две опции, едната е бесконечни преговори, а втората е асимилација по бугарски диктат. Ковачевски, Османи и Маричиќ наместо да бидат водени од болната амбиција за власт и фотелја, требаше да работат за Македонија да важат исклучиво Копенхашките критериуми кои важеле за сите други земји. Но, Ковачевски, Османи и Маричиќ тераа инает на народот кој над 70% е против ваквиот предлог, тераа инает со странски и домашни експерти и дозволија за Македонија да важат преседани. Оваа предавничка власт дозволи Бугарија да диктира учебници по историја за ликови и настани кои имаат огромно значење за Македонија. Оваа анационална власт прифати да се менуваат табли пред споменици, музеи и други јавни површини. Оваа забегана власт дозволи национално понижување, и доведување на државата во позиција на потчинетост. Измената на Уставот кој е еден од предусловите за отворање на преговори, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, бидејќи таквите уцени се спротивни на европските вредности и принципи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека суверенитетот произлегува од граѓаните и затоа граѓаните треба да бидат послушани за вака сериозни теми. Тоа што СДСМ бега од соочување со народот, говори само колку се тие забегани и одлепени од реалноста и интересите на сопствениот народ. |