|
||||
Селска слава - Света Огнена Марија – Марена,село Зубовце |
Селска слава - Света Огнена Марија – Марена,село Зубовце. На 30 јули во подножјето на Шарпланина секоја година чиниш ќе се собере сиот македонски народ,во Зубовце,а таму Зубовце и зубвчани пречекуваат гости кои доаѓаат од секаде. Гости кои срдечно и гостопримливо се пречекани од зубовчани во нивните домови, но и гости кои се пречекуваат во една од трите цркви,црквата Св. Марена,на денот кога во село Зубовце е селската слава во чест на Света Огнена Марија-Марена Зубовчани и оваа година ја продолжуваат и негуваат традицијата оставена со векови од нивните предци. Зубовце е полно со народ, во Зубовце доаѓа многу народ. Во Св.Марија се палат свеќи денес со искрена и чиста мисла. Во воздухот се шири вибрацијата на традиционалната македонска народна,фолкклорна музика, таму денес диши фолклорот на македонија. Нека е честит празникот,и нека вечно духовно живее и се памети овој убав ден, денот во чест на Света Огнена Марија-Марена. |