|
||||
Шестата колона маршира низ Македонија |
За цело време, во изминативе триесеттина години, СДСМ како осведочен непријател на македонскиот народ, немајќи ја никогаш неговата мнозинска поддршка, токму во непрекинатата борба против него и неговите интереси, ја користи фашистичката тактита за која прв пат, јавно, пред медиумите проговорил шпанскиот генерал Емилио Мола. Генерал на франковата фашистичка армија, кој при опсадата на Мадрид во 1936 година изјавил дека тој кон Мадрид се движи со четири колони, а петтата го чека внатре инфилтрирана меѓу народот, неговиот непријател. Нормално, подготвена да го зарие ножот во грб. За жал, сите четири колони на СДСМ се платенички легии составени од корумпирани, среброљубиви, анационални домашни и странски елементи за кои постоењето на македонската држава како држава на македонскиот народ, претставува товар од кој час поскоро треба да се ослободат. Чeтирите колони на нацистичкиот неолиберализамПрвата колона, наспроти чесното, ја чини она членство на партијата кое е во состојба да ја продаде и сопствената мајка заради малку власт, привилегии и земни богатства. Хедонисти за кои не е света ниту државата, ниту народот, ниту името, ниту историјата, подготвени да го продадат сето тоа на куп, заради неколку прошетки до Брисел, тапкање по рамо од кој и да е странски авторитет и, богат и лагоден живот. Дури, се срамат и се гадат од националното, македонското, традиционалното… Втората колона ја чинат, со чест на исклучоци, продадените медиуми и новинари и секако „аналитичарите“ од списокот на платени дежурни гости на дебатни емисии, кои како англиски батлери во бели ракавици му служат на „газдата“ во креирањето на розовата перцепција како лажна сегашност. Третата колона, онаа најизвалканата, ја чинат со странски пари штедро финансираните „невладини“ организации, во чие платеничко неолиберално портфолио не постојат зборовите нација и држава, чест и достоинство, човештилак и алтруизам, туку само деструкција, омраза кон вистинските вредности и љубов кон парите како нивна движечка енергија. Четвртата колона ја чинат претставниците на самопрогласената „меѓународна заедница“, онаа евроатлантската, под команда на „железниот триаголник“ од САД (военоиндустрискиот комплекс, Пентагон и неолибералите во Конгресот), организирана според идејата на Хитлер во европска наддржава – Европската Унија. Таа нацистичка колона го носи или го одржува СДСМ на власт, според нејзините потреби, а секогаш кога треба да се одделне деланка од македонското постоење. Хан и Могерини, на пример во блиското минато, а Вархеи и Фон Дер Лајен, во денешниве премрежиња… Петтата колона, онаа која секогаш подготвено го чека повикот од СДСМ и „меѓународната“ подготвена да го забие ножот во грб е за жал политичката елита на македонските Албанци. Велам за жал, затоа што и покрај желбата на голем дел од албанската заедница во државава за заедничко живеење со своите соседи, политичката елита која всушност опстојува и се храни само со албанскиот национализам и омразата кон се’ неалбанско, ниту еднаш до сега, буквално ниту еднаш, не застанала рамо до рамо со македонскиот народ кога се во прашање неговите интереси. Петта колона во вистинска смисла на зборот, која СДСМ, во најдобриот манир на УДБА методите ја потхранува, ја одржува постојано будна и, заедно со „меѓународната заедница“, ја користи по потреба. Ја користи секогаш кога треба да се зададе удар на македонскиот народ и неговото постоење. Новата колона на „патриотите со лиценца“Од доаѓањето на Заев на чело на СДСМ, а посебно последниве неколку години, низ Македонија се’ поотворено маршира и шестата колона. Тоа се оние поединци, медиуми, партии… кои се појавуваат циклично, по потреба, за да пропагираат сопствен „ултрапатриотизам“, плукајќи по „недоволно патриотската“ опозиција. Тоа се оние кои од СДСМ чиниш добиле валидна лиценца и можат да се вработат како лиценцирани експерти за мерење на туѓиот патриотизам. И, да не се разбереме погрешно, во актуелната опозиција има толку погрешни потези што создаваат разбирливо незадоволство кај чесното и чисто членство. Колку за пример, ќе го наведам гласањето во македонскиот Парламент за прифаќањето на членството на Шведска и Финска во НАТО. Според мене, македонската опозиција заради чувство на самопочит, заради чувство на почит кон страдањата на сопствениот народ на патот до насилното внесување на државава во НАТО, требаше да гласа против. Заради почит кон антицивилизациската и незаконска промена на името и бришењето на идентитетот на кои беа подложени државата и народот, требаше да гласа против. Заради сите голготи на кои бевме подложени, за разлика од овие две држави кои единствено од политички потреби на неолибералните стратези, експресно и безболно го поминаа тој пат, требаше да гласа против. Заради сопственото достоинство требаше да гласа против. Така е и, жално е што е така. Но треба да сфатат сите кои и мислат добро на Македонија и на македонскиот народ, дека не е време за делби, не е време за самореклама, не е време за плукање на соборците, не е време за самоуништување. Се разбира, освен ако не сте платен за тоа. Време е да тргнеме по можеби најдолгиот пат за оваа генерација Македонци – патот на враќање на македонското достоинство, патот на поништување на сите насилно наметнати антицивилизациски договори, патот на враќање на АСНОМ-ска Македонија на картата на светот. И тој пат, иако можеби премногу долг, како и сите патишта, започнува со првиот чекор. Првиот чекор е уривање на оваа инсталирана Влада со неизбран премиер. Потоа се’ друго. Секој обид за ситнење на опозициската сила, добронамерен, од чесните и искрени патриоти, или злонамерен, од платениците во шестата колона, само го забавува првиот чекор во ионака долгиот пат. Да ја препознаеме шестата колона, да ја сопреме во нејзиниот засилен марш. Да го направиме првиот чекор, да го урнеме антимакедонското зло. А потоа, потоа ќе зборуваме за сечии грешки и погрешни потези. Чисто, од душа, без лиценци за мерење на патриотизмот и грешките. Без лиценцираните патриоти од шестата колона. Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес |