Понеделник, 01 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Заради Пендаровски и Ковачевски, тоа што требаше да го преговараме со Бугарија, сега е на маса за преговори со цела ЕУ

2a 2

Мицкоски: Заради Пендаровски и Ковачевски, тоа што требаше да го преговараме со Бугарија, сега е на маса за преговори со цела ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на Канал 5 телевизија вели дека поради владата на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски она што требаше да биде на маса за преговори со Бугарија го донесоа да биде на маса за преговори со целата Европска унија.

Договорот се преговара на различна маса од европската. Никој не вели дека договорот не треба да се преговара. Барем ниту еден политичар во Македонија не вели дека не треба да се преговара со Бугарија. Но, проблемот е што тие преговори сега ги донесовме на заедничка маса со Европски преговори. Тоа е суштината, затоа што вие на една маса ќе преговарате за животната средина, економијата, образованието, здравството, а на друга маса ќе преговарате за средниот век, за Смаоиловата држава. Ако за ова не се договорите, за бадијала вие ќе се договорите за образованието, за економијата и за животната средина, и за владеењето на правото и за се, ако вие не се договорите дека тоа што ќе го наметнат бугарските историчари е општ факт и прифатлив за вас и не ги промените учебниците, смета тој.

На прашањето дали тој смета дека Бугарија може повторно да не блокира, Мицкоски рече апсолутно да додавајќи дека тоа го кажал и самиот Стево Пендаровски во вчерашното гостување во централниот дневник на Канал 5.

Апсолутно. Па тоа го кажа и вчерашниот ваш гостин кој што беше тука, кој што рече дека ако не ги прифатиме нивните аргументи за историјата дека ќе добиеме вето, истакна Мицкоски.

Тоа што требаше да биде на маса за преговори со Бугарија го донесоа на маса за преговори со цела Европска унија. Јас сум разговарал со десетици европски политичари и погрешна е тезата дека Европа има нешто против нас. не нема. И јас го уверувам народот дека намерите и на евроамбасадорот туку и на неговиот заменик и на сите политичари кои што дојдоа тука и на Урсула Фон Дер Лајен и Мишел имаат чесни намери кон Македонија, потенцираше Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.