Среда, 03 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Димитриеска Кочоска: Заради СДСМ и ДУИ Тетово во 21 век има проблем со водоснабдувањето и квалитетот на водата за пиење

1diko1

Димитриеска Кочоска: Заради СДСМ и ДУИ Тетово во 21 век има проблем со водоснабдувањето и квалитетот на водата за пиење, затоа да избереме промени во Советот кои ќе го подобрат животот на тетовчани

Денеска сме во Тетово заедно со носителот на советничката група Ангел Карапетров, како и кандидатите за советници на изборите кои што ќе се одржат тука во Тетово на 20 август, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На мое многу големо разочарување во претходните години Тетово беше под контрола на коалицијата на СДСМ и ДУИ, и за жал Тетово стана место каде што царува корупцијата, криминалот, каде што имаме одредени мал број на луѓе блиски до власта кои што од ден на ден го зголемуваат своето богатство и на уште поголемо разочарување јас денес од Тетово повторно зборувам за водата и недоволно питка вода за пиење која што ја има како проблем градот.

Повторно зборуваме за загадувањето во Тетово, зборуваме за катастрофалната патна инфраструктура која што го враќа Тетово како да живее во 19 век, а не на 21виот век.

И токму од таа причина потребни се промени тука. Затоа ВМРО-ДПМНЕ на овие избори кои што ќе се одржат на 20 август ќе освои убедлива победа во Тетово затоа што тука со мене се кандидати за советници кои што навистина заслужуваат да ја издвојуваат победата, затоа што зборуваме за луѓе кои што во изминатиот период докажаа дека се посветени и работата во интерес на граѓаните. Значи зборуваме за луѓе кои што се сервис на граѓаните, а не за луѓе кои што се гласачка машинерија во советот како што тоа се случуваше изминатиот период од страна на СДСМ и ДУИ.

Од таа причина ги повикувам граѓаните кои што знаат дека промените започнаа некаде после Нова година, повторно да гласаат за бројот 2 на 20 август, да излезат и да гласаат затоа што навистина на Тетово му треба промени, му треба луѓе како овие луѓе кои што се тука со мене кои што ќе се посветат и ќе работат во интерес на граѓаните.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.