Понеделник, 08 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Киро Кипроски : Гробовите на масларите

Забележано, необјавено


2 Kire

Киро Кипроски : Три настани од летото господово 1957 година ми се длабоко врежани во мојата меморија и по 65 години не се избледени. Секогаш ме потсетуваат на времето далечно, значајно, не само за мене туку и за нашата Македонија. Настаните ми се случија, односно ги дознав кога имав само осум години, не ги заборавив, ги забележав, не ги објавив. Но, ете, дојде денот да ги обелоденам, да ги оттргнам од заборавот на мојата генерација и на другите.

Да почнам со ред.

Беше 27 мај 1957 година, утро, сончев, топол мајски ден. Од големата возбуда, ноќта спиев на штрек, стравував да не се успијам и да не го пропуштам големиот настан, кој го чекав со нетрпение, со денови. Јас како второодделенец во ЦОУ „Петре Јовановски“ во Гостивар и учениците од другите одделенија бевме одредени да направиме шпалир пред железничката станица во нашиот град, да му приредиме величествен пречек на драгиот гостин, на другарот Јосип Броз Тито, претседател на тогашната заедничка држава СФРЈ.

Поводот за посетата на претседателот беше да го вклучи во погон првиот агрегат на хидроелектричната централа „Вруток“, на мавровскиот хидроенергетски систем. Ние, дечињата, бевме облечени во пионерска униформа, со црвена марама на вратот и титовка на главата, со букет цвеќе во раката и со голема возбуда го чекавме драгиот гостин. Минутите стануваа вечност… дојде мигот кога претседателот Тито со насмевка на лицето се појави на излезот на железничката станица, а ние со громогласен аплауз и со извици „Тито… Тито… Тито“ го поздравивме неговото доаѓање, патеката по која чекореше ја покривме со цвеќиња, го поздравувавме, а тој ни возврати со љубов, се поздравуваше, нѐ милуваше по главчињата, бевме пресреќни, влезе во отворениот автомобил, нашата голема љубов му ја изразивме со етноподарок од нашето поднебје.

Прва средба, прво ракување со претседателот Тито, тоа за навек ми остана незаборавно сеќавање.

Во средината на јуни 1957 година, на свечен начин ми беа врачени свидетелството за завршеното второ одделение во учебната 1956/57 година и награда книга. По три дена, со дедо ми Нестор Шулевски, кој ни беше на гости и на големиот гостиварски пазар ги продаде млечните производи, а за потребите на домаќинството купи земјоделски и индустриски производи, во раните утрински часови со коњите тргнавме за Галичник. Бев пресреќен што летниот распуст ќе го минам во моето омилено место. Јавањето коњ по макадамскиот (стар) пат за Маврови Анови, низ пределите на планината Влаиница, ми претставуваше посебно доживување, се воодушевував од убавините и пејзажите, глетката постојано се менуваше, како на филмска лента.

По шест-седум часа јавање стигнавме на брегот на Мавровско Езеро, под населбата Маврови Анови. Мавровското Поле го немаше, станало езеро. Пред еден месец, турбините на ХЕЦ „Вруток“ почнаа да вртат и да произведува струја со водата на езерото. По едночасовен одмор и ручек, продолживме да јаваме покрај брегот на Мавровско Езеро, а кога го минавме селото Маврово, почнавме да се искачуваме по змијулестите серпентини на мавровскиот орман.

Мал одмор и освежување со вода имавме на Царева чешма (половина пат меѓу Маврово и Галичник). Со дедо ми Нестор јаваме паралелно, разговараме и тој ми ги претставуваше значајните места на планината Бистра. Се искачивме над Царева чешма и се спуштаме, пред нас се простираше рамница со неколку мали езерца и рекички, дедо ми ми велеше дека просторот е наречен Тони Вода, бидејќи водата што се собира од топењето на снегот и врнежите на дождовите, потоа тоне во непознат правец. Вршени се истражувања, но до денес не е докажано каде истекува водата. Со лаф-муабет стигнавме кај месноста Смрдливи Вирови и во близината се наоѓаше бачило на задругата „Бистра“. Тука направивме пауза, на коњите им дадовме одмор. Се искачивме над кривината над патот, спротивно од Смрдливи Вирови, дедо ми ми ги покажа двата гроба на „масларите“, суво соѕидани со камен. Мојата љубопитност зошто тука има неидентификувани гробови ми ја задоволи дедо ми со прикаската што ми ја раскажа.

– Од пред околу 180 години (1770 г.), како што ни раскажуваа повозрасните галичани и блиски во фамилијата, во гробовите се наоѓаат телата на двајца непознати коњари, кои го предводеле карванот на коњи товарени со мешина со масло, а кои се движеле по патот Виа Игнација: Елбасан – Дебар – Галичник – Маврово – Скопје.

На местото каде што биле пронајдени замрзнати заедно со коњите биле зафатени од силна веавица и екстремно ниски температури од над минус 25 Целзиусови степени. На крајот на април, кога снегот се стопил, галичани што се движеле по патот ги пронашле замрзнатите тела на несреќните коњари и на коњите. На местото ископале гробови и ги закопале. Преку телалите на регионот ја огласиле несреќната вест, за да ги идентификуваат загинатите и да ги пронајдат нивните фамилии, пријатели и познати. Но тоа било неуспешно. И по овој несреќен случај, галичани ги покажале хуманоста, човечноста, достоинствено на несреќните лица и на добитокот и им го создале вечниот дом, не ги оставиле на ветрометина да бидат парчосувани од планинските ѕверови – ја заврши дедо ми својата приказна.

За белата смрт на двајцата коњари и на коњите подоцна слушнав слични прикаски од галичани, кои се пренесувале од колено на колено.
За жал, речиси по два века од несреќниот случај, замрзнатите коњари не беа оставени на мир. Приказната што ја слушнав со години подоцна во душата ми создаде голем немир. Имено, непознати лица – трагачи по подземно богатство, ги отвориле гробовите мислејќи дека ќе најдат злато или, пак, вредни предмети. Камењата од двата гроба ги расфрлиле. Дали нешто пронашле или не, не ни е познато.

Но чинот на копање гробови од пред два века е за секаква осуда. Трагачите, копачите по скриено богатство, кои и да се, заслужуваат да се откријат, да седнат на обвинителна клупа и да ја добијат заслужената казна.

Превземено од : https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/grobovite-na-maslarite/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.