Понеделник, 08 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Власта со повисоки даноци, ВМРО-ДПМНЕ е за кратење на даноци

1ni12

Николоски: Власта која со криминал го испразни буџетот удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци, ВМРО-ДПМНЕ е за кратење на даноци за да може бизнисите да се развиваат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Прилеп во рамки одбележувањето на 21 година од погибието на 10-те армиски припадници кај Карпалак, истакна дека власта која го испразни буџетот заради криминал и погрешни политики сега удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не само што е против зголемени даноци, туку е и за намалување на постојните.

Николоски нагласи дека зголемувањето на даноците е дополнителен удар имајќи предвид дека доаѓа грејна сезона, цените на енергенсите растат, а власта ништо не презема.

- Тоа е лоша работа, некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија во есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме. Грејна сезона почнува некаде за два месеци од денес. Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат високо и ништо не се прави од страна на власта да се ублажи тој удар. Дополнително затоа што буџетот е празен заради лоши економски политики и заради криминал и корупција, го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и на претпријатијата, односно да се зголемат даноците, изјави Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и дека бизнисот треба има ниски даноци за да може да се развива и да отвора нови работни места.

- ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места, рече Николоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.