Понеделник, 15 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Ковачевски и СДСМ се најголемите виновници за капитулацијата на македонската дипломатија

2a 2

ВМРО-ДПМНЕ : Секој ден нови бугарски барања, Ковачевски и СДСМ се најголемите виновници за капитулацијата на македонската дипломатија

Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија.

Секој ден нови барања, нови изјави кои го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шамари од страна на бугарски политичари.

И покрај потпишаниот Протокол, кои од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех,  како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања.

За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската унија не приморува на истото.

Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага, за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт.

Нечесните намери од страна на оваа ненародна власт и властите на Бугарија се асимилација на македонскиот народ и бугаризација, а тоа не е европеизација на државата. Најголеми виновници за секое понижување на државата и македонскиот народ се Ковачевски, Османи и Маричиќ.

ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ.

СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат одржување на Референдум за овој процес со Бугарија. Нека не се плашат да го слушнат гласот на народот за нивните предавнички и погубни политики.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.