Понеделник, 15 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
СДСМ и Ковачевски работат под диктат на Бугарија

1mikl1

Мицкоски: Континуирано предупредував дека ќе има промена на учебниците по историја, СДСМ и Ковачевски работат под диктат на Бугарија

Не е ова од комисијата денес, тоа е од претходните состаноци колку што јас знам и јас предупредував дека ние наместо да зборуваме за 21от век, за 22от век, за иднината, ние ќе зборуваме за средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за Цар Самоил, за Климент, се зборува за Наум, Кирил и Методиј, и се зборуваат неточни работи. И практично ние сега треба да ги менуваме, односно да ги цензурираме учебниците на децата кои што ќе учат во училиштата под диктат и под притисок на Бугарија, вели Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за денешната препорака на заедничката комисија.

Претседателот Мицкоски потенцираше додека трае диктатот од бугарска страна, Македонија бележи дебакл на сите полиња, потенцирајќи ја најновата Шангајска ранг листа каде што од 2000 универзитети во светот Македонија воопшто ја нема.

Сега би сакал да ги видам сите овие фини господа овде во Европа и кои што не убедуваа дека нема да збориме за минатото, да не погледнат во очи нас Македонците и да ни кажат дека не зборуваме за минатото, туку зборуваме за вештачка интелигенција, зборуваме за почист воздух, за почиста вода за пиење во Тетово, за канализација во Арачиново, зборуваме за асфалтирани патишта, зборуваме за завршен автопат кој што ќе ги поврзи Кичево и Охрид итн.

Уште поголем срам е што кога зборуваме за средновековието, ни излезе новата квалификација на Шангајската ранг листа, па меѓу 2000 универзитети во светот, нема ниту еден од Македонија. Тоа е уште поголем дебакл за овој режим предводен од ДУИ и СДСМ. И овој срам и овој диктат ќе продолжува и понатаму, така што темата е политичка и јас на сето ова континуирано предупредувам.

Но очигледно дека крајот доаѓа и за сето ова ќе има одговорност, еве јас ви ветувам, дециден е Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.