|
||||
УВ НА ВМРО-ДПМНЕ : ЧЕСТИТКИ ЗА ПОБЕДАТА НА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО |
21 август 2022 година, Тетово, Македонија Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки за постигнатите резултати на вонредните избори за советници во Советот на општина Тетово. Бројот на освоените гласови и советнички места на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 3.332 гласови и 4 советници, наспроти СДСМ и коалицијата 1.953 гласови и 2 советници, со победата на БЕСА со 9.620 гласови и 12 советници, наспроти ДУИ со 8.702 гласови и 11 советници, се сериозен пораз на владината коалиција СДСМ-ДУИ, после минатогодишните локални избори. Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ смета дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА, ќе формираат стабилно мнозинство во Советот на општина Тетово како значаен политички успех за решавање на локалните проблеми на Тетовчани, откако претходниот советнички состав не успеа да ја усвои завршната сметка на општината после бројни констатирани криминали и недомаќинско работење на претходната локална власт предводена од ДУИ, поради што Советот беше распуштен во согласност со Законот за локалната самоуправа. Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ очекува за претседател на советот на општина Тетово да биде избран носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Ангел Карапетрова. Изборните резултати за Совет на општина Тетово покажаа дека парламентарната и владината коалиција СДСМ-ДУИ е двојно делигитимирана и претставува аргумент плус за предвремени парламентарни избори! Унија на ветера на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори како прв чекор за излез од економската и политичката криза во државата Македонија, заради избор на Влада која ќе има и легитимитет и капацитет да нуди решенија за сериозните проблеми со кои се соочува секој човек во Македонија. |