Вторник, 23 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
По барање на ОМД, Конгресот на САД го изгласа Законот за овластување за национална одбрана во кој е вметнат и амандман за Македонија
 

Денешниот ден за ОМД е од посебно значење прославувајќи ја 30годишнината од постоењето на Армијата на Македонија, како и успехот во напорите Конгресот на САД да го изгласа Законот за овластување за национална одбрана во кој е вметнат и амандман за Македонија.

Согласно тој амандман во Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година

Ова е федерален закон со кој САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, најдоцна до први декември 2022 година, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година.

„Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и остатокот од НАТО да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“. Македонија е вметната во предложениот законски текст од страна на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Новиот директор на ОМД за Македонија Гордан Јорданов, претседателот Методија А. Колоски и директорката за развој и унапредување Ема Браун, на 15-ти јуни имале средба со Мeклејн, со цел да побараат поголема соработка помеѓу САД и Македонија.

„Од самото постоење од 2004 година, ОМД интензивно работи на засилување на односите помеѓу САД и нашата татковина Македонија на секое поле. Чест ми е дека токму пред 30-годишнината на македонската Армија, Конгресот изгласа да се подлабочи врската помеѓу армиите на САД и Македонија. Во својата историја, македонската Армија немала поголем пријател од американската Армија. Заедно сме посилни“, изјави Колоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.