Среда, 31 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ, ЛЕГЕНДИ И ПЕСНИ СО АНТИЧКО-МАКЕДОНСКА СОДРЖИНА

4al1

Александар Донски со античка биста од египетскиот владетел од македонско потекло Птолемеј Трети (Глиптотека во Копенхаген, Данска, јули 2022)

Деновиве на Youtube е поставена и втората епизода од  документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. 

Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски.

Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија, а за серијата е набавена и оригинална музика. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност.

          Втората епизода носи наслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“ и истата можете да ја видите на:

 https://www.youtube.com/watch?v=Fqq0_I0j2yE на Aleksandar Donski History Channel.

  Во оваа епизода се претставени извесен број песни, приказни, легенди и преданија, регистрирани во 19 и 20 век  кои се посветени на цареви и кралеви од античка Македонија и на други сегменти од материјалниот и духовниот живот на античките Македонци. Меѓу нив ќе видите дел од содржината и на мистериозната песна запишана во средината на 19 век во која точно е опишана причината за смртта на Александар Велики Македонски, иако оваа причина научно беше докажана дури во втората половина на 20 век. Јасно е дека оваа, а и другите вакви фолклорни творби, претставуваат директно наследство од античките Македонци.

  Ги повикуваме македонските патриоти им пријатели на Македонија на масовно споделување на линковите со петте епизоди од оваа серија посебно среде меѓународните фактори. 

 Македонска Нација     

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.