Среда, 31 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОА ОД РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е НАЈГОЛЕМ ИСТОРИСКИ НАСТАН ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

1mpcoa1

Веста дека Руската православна црква ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автотефална сестринска црква е од големо историско значење за христијаните во Македонија и за Република Македонија. Тоа се случи на  на 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, кога  беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија -  Кирил

На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше разгледано соопштението на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија- Кирил дека Српската православна црква и додели автокефалност на Македонската православна црква ̵ Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква, објави на својата веб страна Руската православна црква.

Во текстот  се вели дека Светиот синод на Руската православна црква донесе одлука да му се заблагодари на Господ Бог што прашањето за статусот на православната црква во Република Македонија се реши врз основа на канонски принципи и да ја признае Македонската православна црква - Охридска архиепископија како автокефална сестринска црква и да го внесе името на својот старешина Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во светите диптиси.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква изразија надеж дека Македонската православна црква - Охридска архиепископија, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, ќе ја одржува чистата и некорумпирана светата православна вера и верно ќе се придржува до православната канонска традиција.

Учесниците на седницата одлучија и за одлуката на Светиот синод да ги известат Неговата Светост Српскиот патријарх Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

Светиот синод на Руската православна црква

Треба да се одбелеши дека Москва е главен град на Русија, а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во исто време тој е културно, управно и индустриско средиште, тој е најголемиот, нај­значајниот, најубавиот, најфреквентниот и главeн град на Русија. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Тој е најбројниот христијански велеград, а во исто време, поради атеизмот е најконтроверзниот центар на пра­­во­сла­вието.  Седиштето на Руската православна црква, исто така, се наоѓа во Москва. Со повеќе од 10 милиони жители Москва претставува руска убавица и најголем град во Европа

Во врска со односите на Руската православна црква и Македонската православна црква треба да се одбележи дека во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на Српската православна црква (СПЦ), за прв пат во посета на Македонската православна црква (МПЦ) пристигна во Република Македонија Патријархот московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и Методиј во црквата  „Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска литургија, на која што служел патријархот московски Алексиј, во сослужение со патријархот српски Герман и Архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Ова беше прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

Патријархот московски Алексиј беше информиран дека Македонската православна црква (денес Македонската православна црква - Охридска архиепископија), беше формирана пред самиот крај на војната, во 1944 година во селото Горно Врановци, Велешко. Во март 1945 година во Скопје, беше одржан Првиот црковно-народен собор, на кој беше донесена Резолуција за обновување на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Оваа одлука беше доставена и до Архиерејскиот собор на Српската православна црква (СПЦ), бидејќи пред војната, епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата православна црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска православна црква.

Тогаш Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифати оваа одлука, заради тоа што во своите понатамошни барања, Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо само како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид, е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ беше избран г. Доситеј.

Инаки, Македонската православна црква во своето име ја додала додавката „Охридска архиепископија“, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија на 12 ноември 2009 година,  Покрај додавката, МПЦ-ОА изврши и промена во грбот и знамето, односно наместо приказот на црквата Св. Богородица – Перивлепта, е ставена црквата Св. Софија во Охрид, како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.

Македонската православна црква ̵ Охридска архиепископија, заедно со македонскиот христијански народ со децении чекаше признавање според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега се доби не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската православна црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, како што се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на Српската православна црква.

Затоа, се чини дека четвртокот 25 автуст  2022 година ќе биде запишан со златни букви во историјата на Македонската православна црква (МПЦ), односно во историјата на Охридската Архиепископија, како и во историјата на македонските христијани. На тој ден Светиот синод на Руската православна црква донесе одлука врз основа на канонски принципи  да ја признае Македонската православна црква - Охридска архиепископија како автокефална сестринска црква и да го внесе името на својот поглавар, Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во светите диптиси.

Одлуката на Светиот синод на Руската православна црква за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја потврди вистината дека Русија и Република Македонија се христијански земји, а Москва и Охрид се бисери на Русија и Македонија и градови на вечноста. 

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.