|
||||
АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ОБРЕДИ И ОБИЧАИ СРЕДЕ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ |
Деновиве на Youtube е поставена и третата епизода од документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски. Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија, а за серијата е набавена и оригинална музика. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност. Третата епизода носи наслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“ и истата можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=RicG6ItSGLM&ab_channel=AleksandarDonskiHistoryChannel на Aleksandar Donski History Channel. Во оваа епизода се претставени извесен бројни народни обреди и обичаи кои (врз основа на цитати од антички автори) ги практикувале античките Македонци и притоа е констатирано дека овие народни обреди и обичаи сосема се поклопуваат со истоветните обреди и обичаи регистрирани во 19 и 20 век од страна на тогашните запишувачи на македонски народни умотворби. Така, на пример, античко-македонски народен обичај запишан своевремно од Херодот во 4 век пред Христа во целост се поклопува со истиот народен обичај запишан од Стефан Вековиќ во средината на 19 век. Исто е и со третманот на одделни животни во античките и современите македонски народни умотворби кои исто така во целост се поклопуваат и кај античките и кај денешните Македонци и сето ова во детали е објаснето во оваа епизода. Јасно е дека овие културни сегменти претставуваат директно наследство од античките Македонци и овие податоци, кои во голем дел за прв пат беа откриени токму од Александар Донски, никого нема да го остават рамнодушен. Ги повикуваме македонските патриоти им пријатели на Македонија на масовно споделување на линковите со петте епизоди од оваа серија посебно среде меѓународните фактори. Македонска Нација |