Петок, 09 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Мане Јаковлески : Обраќање на првата годишна конференција на УВ-ВМРО-ДПМНЕ

4е

Мане Јаковлески : Обраќање на првата годишна конференција на УВ-ВМРО-ДПМНЕ

4а

Почитуван  Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер Проф. Др. Христијан Мицкоски, почитуван Генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски, почитувани членови на Унија на Ветерани, ИК, ЦК, , УЖ, УМС, Патриотскиот институт,  почитувани пратеници, градоначалници, бранители и сите присатни.

Браќа и сестри, добро дојдовте на првата годишна конфернција на унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ , овде во славното Смилево симболот на македонскиот непокор и борба за независна Македнија.

Почитувани, На денешен ден 8 септември 1991 година македонскиот народ на Референдум се изјасни за самостојна, суверена и независна македонска држава.

Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста, и вечна да е нашата Македонија.

Годишната Конференција на УВ ја одржуваме тука затоа што во Смилево се одржал Конгресот на ВМРО од 2 до 7 мај 1903 година. Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање на Илинденското востание.

17а

Почитуван претседателе Христијан Мицковски, во името на сите ветерани сакам овде јавно да ви искажам огромна благодарност што имавте храброст, визија и доверба за прв пат од постоењето на ВМРО ДПМНЕ да се формира УВ.

Довербата што ни ја дадовте, иако сме во поодминати години,  не направи горди достоинствени и не наполни со нова енергија како кога бевме млади. Затоа уште еднаш ви се поклонувам за укажаната чест.

1 UV Smilevo 6

Почитувани, Јас како Претседавач на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ да одржам говор а да не го спомнам Драган Богдановски е исто како да не сум кажал ништо.

Драган беше идеологот и се’ за ВМРО-ДПМНЕ, беше осуден на 13 а одлежа 11 години затвор само затоа што се бореше за самостојна Македонија. Нека му е вечна слава, на нашиот БРАТ Драган, кој не обединуваше и не водеше со идејата Македонците за Македонија.

Почитувани,  претседателството на УВ на ВМРО ДПМНЕ започна со работа пред 20 месеци и веднаш одпочна со формирање на општински комитети.

Активно учествувавме во сите активности на партијата во изминатиот период и остваривме стотици средби, активно учествувавме на изборни активности и на сите протести и митинзи.

За само неколку месеци беа формирани 83 УВ во општинските комитети.

До денес формиравме 9 УВ во Европа, Америка и Австралија.

Организиравме два протести во Штип и Прилеп за ослободување на нашите браќа кои се бесправно осудени од 27 Април.

За сите досегашни активности, прво сакам да му се заблагодарам на мојот предходник Драган Демишков-Попето и на сите од претседателството на УВ и раководствата на УВ во Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани браќа и сестри, во 1990 година единствени бевме кои баравме независна и суверена Македонија и токму ние го донесовме вековниот сон за независна држава.

На 17 јуни 1990 година, во салата на Домот на млади  „25 мај“ во Скопје, беше формирана ВМРО-ДПМНЕ.

Во некои медиуми беше објавено дека се  формира фашистичка партија во Македонија, само заради тоа што сакавме самостојна држава на Македонскиот народ и затоа што сакавме Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО.

Истите  Тие, кои тогаш беа против самостојна Македонија и против зачленување на Македонија во  ЕУ и НАТО, денес без срам се трудат да ја убедат македонската и меѓународната јавност дека ВМРО-ДПМНЕ не сакала Македонија да влезе во ЕУ и НАТО? Да  пукнеш од смеење.

Можеби  ги напуштило паметењето, или го потценуваат Македонскиот народ дека заборавил кој од тогаш до ден денешен се залагал токму за овие вредности.

За  Гоце Делчев и Никола Карев, мислам на спомениците, не ме чуди дека се против, па нели и 90 година беа против да се постави сликата на Никола Карев во Сообранието на Македонија? Тогаш беа против Македонската химна, денес го менуваат текстот на химната.

Беа и против сопствена Македонска армија, полиција, дипломатија, тогаш беа против се што личи на самостојна Македонска држава

Искрен да бидам и до ден денес кај нив ништо не се сменило, ги интересира само да ја плачкаат државава и ништо друго.

Тогаш правеа списоци за ликвидација, го прислушкуваа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, делеа памфлети напишани на бугарски јазик со цел да „докажат“ дека Македонија ќе сме ја продаделе на Бугарија и ред други глупости.

И денес како ништо  да не било. Денес македонската јавност може да заклучи: кој ја продава за лични интереси Македонија на Бугарија.

Браќа и сестри , нашата мила мајка Македонија повторно преживува  големо премрежие . Повторно некој пробува да не разнебитни, обезглави . Повторно се удира по македонскиот идентитет, јазик ,историја .

Ние Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ кои целиот наш живот го посветивме на идеите на ВМРО и Македонија, но и како родители и како патриоти кои си ја сакаат државата го испраќаме следниов  АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:

ДОЈДЕТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ПОД БАЈРАКОТ НА ВМРО,  ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ , БИДЕЈЌИ КОГА СМЕ ОБЕДИНЕТИ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА И НАШТЕТИ НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА.

Ги повикуваме сите граѓани на нашава Македонија да застанат зад браникот на нашата Татковина, да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот и иден Премиер  Христијан Мицкоски.

Само сплотени можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци!

Само сплотени ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Да се обединиме против злото наречено СДС!

Браќа и сестри. Денес одново сме соочени со нова борба. Тоа е борбата да го искажеме нашиот став за договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилацијата кон Македонија.

Мора да се обединиме и масовно да излеземе на Референдум и да гласаме за поништување на договорот со Бугарија.

Оние кои што мислат спротивно или работат по нарачка на СДСМ свесно или несвесно, ги видовме овие денови како, демек го бранат народот и Македонија од ВМРО, па глумат дека се загрижени патриоти.

Да ја сакаа Македонија немаше да им слугуваат на тие кои ја продаваат и тие кои Македонија ја доведоа на колена. Ова е таа можност да се направи разлика и да се докаже дека македонците се спремни не само да ја создадат туку и да ја градат нашата Македонија.

Затоа апелирам, обединети да излеземе на претстојниот Референдум и одлучно да гласаме ЗА престанување на важноста на овој штетен договор.

СЕ ДОДЕКА БИЈАТ НАШИТЕ СРЦА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ Е ЖИВА, СЕ ДОДЕКА ПОСТОИ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОСТОИ И МАКЕДОНИЈА.

Да Живее ВМРО ДПМНЕ.

Да живее Република Македонија!  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.