|
||||
Мицкоски: Скопје заслужува да биде метропола |
Мицкоски: Скопје заслужува да биде метропола, преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжиме да делува за развивање на Градот и решавање на проблемите на скопјани. Важно е Скопје да се развива, затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се такви какви што сте ги имале и тогаш патиштата може да ви се разотидат на различни страни. Важно е патот на ВМРО-ДПМНЕ да биде вистинскиот, а тоа е Скопје да биде метропола каква што заслужува да биде. И преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје така и ќе продолжиме да делуваме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со Стопанската комора одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања поврзани со град Скопје. Мицкоски истакна дека што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има претседатавач таму е проф. Трајко Славески, има мнозинство, но тоа се флуинди работи, важно е политиките да се чесни, принципиелни и во насока на тоа за кое што се залагате. - Во еден момент ако се разотидуваат мислењата и сфаќањата не е ништо страшно да се случи тоа. Секој проект поврзан со Град Скопје и кој е во вистинска насока без разлика дали ќе дојде од мнозинството или од Арсовска, ќе ја има нашата поддршка како што беше досега. Секој проект кој ќе оцениме дека не е во насока на добри политики и развој на скопјани нема да го поддржиме, рече Мицкоски. Во врска со Ѓоко Велковски досегашниот генерален секретар и Златко Перински досегашен директор на ЈП Водовод и канализација Мицкоски истакна дека и двајцата се чесни и имаат недвосмислена поддршка од партијата. - Вистината е следна, и Ѓоко Велковски доскорешниот секретар кој денеска ја напушти таа позиција и Златко Перински имаат моја недвосмислена поддршка верувам во нивниот чесен карактер и чесно работење и тие остануваат дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина. Што се однесува до Перински можам да кажам дека постигнува исклучително високи финансиски резултати во работењето на ЈП Водовод откако е поставен. Во првиот квартал има зголема добивка, за 50 милиони денари поголема наплата и тоа се резултати за почит, јас би посакал да имам таков соработник, а некој за жал не успева да ги искористи нивните капацитети, изјави Мицкоски. Во врска со набавката тој потенцираше дека тоа е набавка од 2019 година кога градоначалник бил некој друг, и дека е проект финансиран од Светска банка преку Европската инвестициона банка, позади кој стои државата со свој претставник, министерство за животна средина и од тоа што знам од страна на финансиерот сите документи се доставени без приговор. - Ако некој може да има толкава моќ да влијае и врз Светска банка и врз Европската инвестициона банка, јас би му честитал јавно ако е толку моќен. Јас во името на овие луѓе не гледам таков. Ова е сериозен проект и апелирам до новиот директор, да го заврши затоа што е битен за скопјани. Скопје за жал е град кој се уште нема прочистување на отпадните води затоа имаме чувство на миризба кој доаѓа од Вардар и ќе го охрабрам да се реализира овој проект и да не пропадне како што пропадна една друга инвестиција и покрај што имавме добри намери да ја одржиме во живот. Ги охрабрувам Арсовска, новиот секретар и новиот директор да го реализираат овој проект, изјави Мицкоски. |