|
||||
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот |
Мицкоски: Без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот под овие околности По работниот состанок со претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењето на власта дека референдумот нема да успее истакна дека единствен начин да се види дали ќе успее референдумот е тој да се одржи и да не се бараат изговори формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да им се даде можност на граѓаните да се произнесат. „Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум да не се бараат изговори, формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да излеземе и да видиме граѓаните дали ќе бидат за она што ние го бараме како одговор на прашањето или против. И од тоа нема поедноставен начин. Така што јас ги охрабрувам еве демократски во насока на европскиот дух, кој што од нивните усти додека крадат не престанува да излегува еве и сега тоа да го направат и второ да ги мобилизираат оние малкумина поддржувачи кои што се уште ги имаат да излезат и да се произнесат во согласност со нивните политики, да бидат против ова наше барање и на тој начин јас сум сигурен дека ќе успее референдумот. Но ќе повторам без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот под овие околности тоа го повторувам, без разлика каков ќе биде резултатот на референдумот“, нагласи Мицкоски. |