Среда, 14 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Лефков: Отфрлањето на Иницијативата за Референдум е одлука на Ковачевски и елитата во СДСМ се со цел да избегнат соочување со народот

lefkov

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „ Што не е јасно“ за Иницијативата која претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отфрли, потенцираше дека тоа е всушност е одлука на Ковачевски и елитата во СДСМ за да избегаат соочување со народот.

-Сите барем малку кои ги познаваат политичките прилики знаат дека ова е одлука на Ковачевски и на елитата во СДСМ, тие спроведуваат политики затоа што овој договор е договор кој што го потпиша Заев и знаеме се какви неприлики ни донесе. Ние уште во времето на неговото потпишување предупредувавме за штетноста на овој договор и денеска еве ден за ден гледаме како почнаа да се актуелизираат таканаречените бугарски-историски вистини кои што стигнаа како последици на овој договор. Меѓутоа сега Ковачевски и неговата елита сакаат да најдат начин да избегаат од волјата на народот. Впрочем тој и така стана премиер, ние сега имаме неизбран премиер кој што  не го гласале, кој што не говорел пред повеќе од 100 луѓе, камоли да замисли еден процес на собирање на 150.000 потписи, камоли да замисли еден процес каде што ќе се оди на бројка од 900.00 за правење на цензус, а сите анкети, истражувања покажуваат дека во Македонија над 60% се против овој договор, кажа Лефков.

Тој во текот на своето гостување укажа дека со Референдумот на власта и се постави на некој начин соочување со народот, а тие  не се спремни на тоа.

-Елитата во СДСМ не може да замисли соочување со народот и гледате дека тие бегаат од секој облик на соочување и ако сакате да ги испровоцирате само речете предвремени избори. Еве во Собрание тоа е клучот, штом ќе кажете избори знаете дека имате тригер за неволја, вие може да зборувате за каква сакате криза и неволја која што ќе ги снајде нашите граѓани  и не е проблем  тие се спремни да се носат, треба да бидеме разумни, треба да бидеме свесни за околности, само спомнете избори и ќе видите како реагираат. Со Референдумот го направивме токму тоа, односно им поставивме пред нив да престои  едно соочување со народот, додаде Лефков.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.