Среда, 28 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
ПОДДРЖЕТЕ ГО ОБЈАВУВАЊЕТО БРОШУРА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ПРОТИВ БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА

1done1 1done12ПОДДРЖЕТЕ ГО ОБЈАВУВАЊЕТО БРОШУРА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ПРОТИВ БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА, КОЈА ЌЕ БИДЕ ИСПРАТЕНА НА СИТЕ 705 ЧЛЕНОВИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СИТЕ 435 ЧЛЕНОВИ НА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС 

Македонци и пријатели на Македонија! 

Сведоци сме на секојдневни навреди што високи претставници на бугарската држава ги шират против Македонија и Македонците пред меѓународната јавност, но и кај нас, па дури и среде Македонците во Албанија.

Крајно време е да се одговори аргументирано на ваквите провокации со една брошура на англиски јазик, во која на едноставен начин и ќе бидат дадени убедливи одговори на сите големобугарски ставови.         

Издавач на брошурата ќе биде Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Автор на брошурата ќе биде Александар Донски – голем познавач на македонско-бугарските односи низ историјата, автор на книгата „Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“, на која рецензент беше академик Блаже Ристовски и која на македонски јазик досега доживеа неколку изданија и човек кого големобугарските шовинисти, не случајно, во немоќта да се спротивстават на начинот на кој тој ја поведе борбата против големобугарската пропаганда, во 1997 година го прогласија за „најомразена личност во Бугарија“ за што тогаш известија и македонските медуми. 

Што ќе содржи брошурата? 

Во брошурата на едноставен начин  ќе биде објаснето дека:

Македонците и Бугарите никогаш не биле „ист народ” затоа што нивната етногенеза била различна! Етногенезата на овие два различни народа детално ќе биде обработена и објаснета на лесен и разбирлив јазик.

Наспроти тврдењето дека денешните Бугари се „Словени“, во неодамнешната бугарска историја, воопшто не било така. Во триесеттите и четириесеттите години на 20 век во Бугарија постоела екст­ремна масовна националистичка организација под името “Ратници за Напре­док на Блгарштината” (РНБ) во која членувале стотици илјади Бугари и во чиј статут пишувало дека Бугарите не се никакви „Сло­вени”, туку дека се ди­ректни потомци на Хуно-Татарите. Ќе бидат објавени цитати и од денешни бугар­ски и татарски историчари, кои тврдат дека Бугарите и Татарите се ист народ!

Според бугарските и странски историчари вистинските етнички Бугари биле турко-монголско племе настанато од четири „хуно-бугарски орди“, чии имиња биле:  Купи Булгар, Дучи Болгар, Чдар Болгар и Олхонтор Булгар (цит според: проф. Васил Златарски „Блгарската држава през средните векове, Софија, 1971, том 1, стр. 55) и  тие припаѓале на жолтата раса. Па зарем и денешните Македонци настанале од овие хуно-бугарски орди?

Вистинските етнички Бугари (турко-монголските Бугари), нико­гаш масовно не се  населиле во Македонија и никогаш масовно не се из­ме­шале со македонското население, па затоа Македонците и да сакаат не можат да бидат Бугари затоа што немаат бугарска крв во себе. Првиот признат бугарски хан Кубрат целиот свој живот си живеел во својата татковина Азија. Тој никогаш немал ни стап­нато во Европа и веројатно никогаш во животот немал ни слушнато за Македонија, а камо ли да биде  „првиот етнички предок” на денешните Македонци.

Ќе бидат прикажани ликови од вистинските  Бугари (признати предци на денешните Бугари) од кои јасно се гледа дека имале монголски антрополошки црти и припаѓале на жолтата раса. Нивните ликовите се реконструирани од страна на најпознатиот бугарски антрополог Јорданов врз основа на нивните черепи пронајдени во гробница во источна Бугарија.

Постојат многубројни документи за бугарските средновековни пусто­шења на Македонија, кои овде ќе бидат презементираи исклучиво од бугарски книги. Така, на пример, византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на на­шата земја од бугарскиот цар Симеон, го напишал след­ното:

          

Во месец сеп­тем­ври бугар­скиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија се и ги исекоа овошките.

Бугарите им биле воени сојузници на Османлиите во вре­мето кога тие ја окупирале Македонија, непосредно по битката на Мари­ца.

- Ниту едно од бугарските лични имиња: Кубер, Омуртаг, Токту, Паган, Цок, Телец, Батбајан, Котраг, Тервел, Кар­дам, Бутаил, Ермиар, Есхач, Имник, Иртихитун, Исбул, Ицвоклиј, Окор­сис, Онегавон, Осхун, Сондоке, Сумсувул, Хунол, Чакарар, Чепа и слични на нив денес ги нема среде Маке­донците, додека бројни имиња што ги носеле античките Македонци ги носат и денешните Македонци.

Бројни Македонци од 18, 19 и почетокот на 20 век себеси се декларирале како директни потомци на античките Македонци без било кој да ги тера на такво нешто.

Како Македонци себеси се декларирале и учесниците во Карпо­шевото востание (17 век), Разловечкото и Кресненското востание (19 век) според докумен­тите од тоа време, кои ќе бидат  презентирани.

Бројни македонски револуционери од големото Илинденско востание од 1903 година исто така јасно себеси се дек­ларирале како Македонци, потенцирајќи дека не се Бугари. Водачот на Илинденското востание Борис Са­рафов, повеќепати изјавувал дека Македонците се посебен народ, додека претседателот на краткотрајната македонска Крушевска република Никола Карев во интервју за грчки весник јасно изјавил дека себеси се смета за потомок на Александар Велики Македонски.

Бројни Бугари (дури и во 19 век) себеси се декларирале како Срби, а бројни Бугари себеси се декларирале и како Грци. Ќе бидат изнесени сведоштва од странски патеписци и историчари, кои тврделе дека во Бугарија живеат: Срби, Грци, Илири, Татари, Мирмидонци, Панонци па дури и Хрвати! Секако дека ова претставува дециден доказ дека жителите на Бугарија воопшто немале бугарска етничка свест дури ни во првата половина на 19 век.

Наспроти лагите за наводниот „илјадагодишен карактер на бугарскиот јазик” ќе прочитате за првпат кај нас обелоденети ориги­нални изјави од бугар­ските преродбеници, кои се жалат дека бугарски јазик вооп­што не постоел дури ни во втората половина на 19 век, поради што мнозина од нив пишувале на - српски!

Во македонскиот фолклор постојат голем број творби со античко-македонска содржина, додека не постои ниту една творба посветена на некој бугарски хан или цар, во која тој е опеан или опишан како „македонски”...

Постојат бројни бугарски фалсификати против македонската историја. Така, на пример, во Мемоарите на францускиот барон Франсоа де Тот (објавени во 18 век) пишува дека неговите работници биле Македонци. Но, во бугарскиот превод на дел од тие Мемоари зборот „Македонци“ е заменет со „Бугари“!  Уште подрзок  фалсификат е направен врз една песна од голе­миот поет и револуционер Никола Јонков Вапцаров. Се работи за пес­­ната Доклад. Поетот во оваа песна, пеејќи за Македонија, ги на­пишал зборовите: “за Неа”! Меѓутоа, во рускиот превод на оваа пес­на направен од страна на   Буга­ринот Д. Ф Марков, наместо зборовите “за Неа” биле подметнати збо­ро­вите: „за Бугарија наша” (!?). Ваквиот бесрамен бугарски фалсификат на руските читатели уште долго време ќе им зборува дека македонскиот поет Вапцаров бил  „Бугарин” кој „ја опејувал Бугарија“. Ќе бидат објавени и други вакви примери на бугарски фалсификати против Македонците...

Посебно ќе биде опфатен периодот на Втората светска војна каде преку најударните податоци ќе биде објаснета улогата на фашистичка Бугарија во окупацијата на Македонија, погромот на македонските Евреи и теророт над цивилното население, како и смелата борба на македонските партизани за ослободување на Македонија.

Ќе биде опфатен и повоениот период кога во Бугарија беше призната македонската нација, но и потоа преку сведоштва за бугарскиот комунистички терор против Македонците, како и најновата состојба со македонските организации во Бугарија.

Каде ќе биде испратена брошурата?

Откако ќе биде готова брошурата ќе биде испратена по е-маил на сите 705 членови на Европскиот парламент, на сите 435 членови на Американскиот Конгрес, како и на бројни други европски влијателни поединци и правни субјекти.

Ги повикуваме сите македонски патриоти и пријатели на Македонија  да го поддржат објавувањето на овој досега најмасовен импакт среде меѓународната јавност против бугарската пропаганда. Имињата на сите донатори  ќе бидат пишани во брошурата (секако доколку тоа го сакаат) со што ќе останат овековечени за сите идни генерации.

За натамошни информации обратете се до Претседателот на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј:

Душан Ристевски на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

или до авторот:  

Александар Донски на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

или на фејсбук: https://www.facebook.com/aleksandar.donski/

1Dusan Душан РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.