Четврток, 29 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја се уште стои
1Hristijan2
 
Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја се уште стои, спремен сум и да дебатирам со Ковачевски на било кој медиум за ова, се надевам нема пак да дезертира

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на една панична реакција на Владата во онаа доцно вечерна итна или како што тие ја нарекоа вонредна прес конференција која што беше резултат на еден конкретен констуктивен предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како да ги ублажиме последиците од енергетската криза која што постепено ни се трансформира во економска криза, а потоа во социјална и конечно на крај во општествена криза.

Државата во овој момент е навистина загрозена. Нејзиното функционирање од оваа неспособна и криминална власт е загрозена.

Во текот на вчерашниот ден лично на јавноста и го претставив планот како да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија и топлина за граѓаните и индустријата, а со тоа да обезбедиме и конкурентно работење на индустријата без да има затварање на претпријатијата, без да има отпуштања на работниците. Но, тоа што се случува во изминатиот период е комплетно игнорантски однос од страна на владата кон стопанството, но исто така и надмен однос од страна на влада кон предлозите на опозицијата, наместо да биде конструктивна, да ја прифати понудата, да седне да разговара и преговара, таа вечерта организираше би рекол прес конференција за да каже ништо, а само да ја задоволи сопствената суета и да одговори на понудата која што ВМРО-ДПМНЕ претходно ја претстави во јавноста.

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани ќе ми дозволите  уште еднашка да ги кажам клучните поенти на понудата која што ВМРО-ДПМНЕ ја претстави во јавноста. Имено клучна поента е дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство добиени со користење на евтин ресурс за стопанството и економијата, да може бизнисот да се развива, а работниците а ги задржат своите работни места.

Дополнителни количини на топлина за да може скопјани и сите корисници на централното греење во главниот град Скопје да не плаќаат повисоки сметки за затоплување на нивните институции и домови.

Заштеда од минимум од 300 милиони евра, пари кои што оваа влада ќе ги потроши во периодот кој што следи, граѓански, народни пари, кој што ги нема, а ќе ги земе преку скапи кредити, задолжувајќи се на домашниот и меѓународниот пазар.

Понатаму, зголемување на бруто домашното производство, наместо да коленичиме и да се понижуваме околу, во соседна Бугарија, соседна Бугарија, соседна Грција, малку подалеку во регионот, Турција и да бараме како просјаци, да си го организираме домашното производство и домашните енергетски комбинати да можат да произведуваат за потребите како на граѓаните, така и на индустријата. На тој начин ќе го зголемиме бруто домашното производство и ќе го зголемиме бруто  производство на енергија.

Од тоа што можевме вчера да го слушнеме на таа вонредна прес конференција на владиниот тим можеме да заклучиме дека слушнавме многу „ќе“, а ништо завршено со точка.

Затоа ја користам оваа прилика, почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, за да нема дилеми, за да нема недоречености да го повикам првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски јавно заедно двајцата да избере медиум, ден и време кога ќе зборуваме пред македонската јавност за тоа што нудам јас, што нуди опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, а што нуди Владата т.е. што не нуди Владата.

Повторувам за да нема забуни, за да нема дилеми го повикувам Димитар Ковачевски да одбере медиум и време кога заедно ќе се соочиме пред македонската јавност бидејќи сега не е време за политиканство и политики. Не е време за надмен, нервозен и емотивен однос. Сега е време за одговорност, сега е време како да им помогнеме на граѓаните, како да и помогнеме на Македонија.

Почитуван господине Ковачевски,

Изберете време, изберете медиум, немојте да дезертирате, јас таму ќе ве чекам.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.