Сабота, 01 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Зошто Владата одбива да заштеди 300 милиони евра

1vmro02

Мицкоски: Нашиот план за справување со енергетската криза стои, владата да одговори дали го одбива заради бизнис зделки или договори во 4 очи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата во Општина Јегуновце истакна дека владата треба да одговори зошто го одбива понудениот план за справување со енергетската криза и дали можеби во игра се тендери, бизнис зделки или договори во 4 очи.

Мицкоски посочи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува за да може да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и за индустријата која што се снабдува преку ЕВN ХОМЕ, но исто и затоплување на објектите и домовите на оние кои што се корисници на централното греење во Скопје.

- Тоа до овој момент владата го одбива. Зошто одбива да заштеди 300 милиони евра, зошто одбива да има поголемо производство на електрична енергија домашно, зошто одбива да има поголем Бруто домашен производ, зошто одбива да нема зголемување на сметките за затоплување и за струја. Тоа треба да даде одговор владата, можеби е повторно некаков тендер во прашање, можеби се некакви бизнис зделки во прашање, можеби некои договор во 4 очи, одговорот на се ова треба да го даде владата, потенцира Мицкоски.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, стоиме на нашиот предлог, на позициите кои ги предложивме, на техничкото решение кое го предложивме, со таа напомена дека времето одминува, 15 октомври е блиску за со тоа што може да се очекува со температурите и порано ќе има потреба да се пушти затоплувањето во Скопје.

Мицкоски додаде дека за жал до овој момент како што гледаме се уште не е обезбеден ресурс со кој ќе работи Термоелектраната Топлана Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.