|
||||
Мицкоски: Ако економскиот совет работеше како треба немаше потреба да нудам помош |
Мицкоски: Ако економскиот совет работеше како треба немаше потреба да нудам помош, нека ја надминат суетата, да не прават пазар, мојата понуда сеуште важи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Студио 10“ зборуваше за актуелните состојби во државата и посочи дека не гледа потреба да се состане со економскиот совет во владата затоа што тој совет е составен од истите луѓе кои ги решаваше проблемите со ковидот и ништо не решија. Во врска со справување со кризата посочи дека тој е подготвен да и помогне на граѓаните и на државата. -Не гледам причина зошто би влегол јас во ова сценарио на претварање на целата оваа работа на пазар која што е многу сериозна, бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на граѓаните, тогаш подобро и ќе беше да излеземе на тв дебата, зошто таму ние да седиме педесетина луѓе или триесетина кој што и до сега и онака ништо не решиле, тие луѓе кој што беа за ковидот, се дел од тој економски совет и ако така ги решаваше работите како што ги решававме за ковидот , јас навистина не сакам ниту нивното, ниту своето време да го губам и затоа им реков одберете тим, подготвен сум да ви помогнам. Јас не сакам ова да се претвори во политиканство и во пазар, затоа и реков оваа работа треба да се реши, ова не е натпревар на пи-ар стратегија, ова не е натпревар чива суета е поголема. Јас уште на 29 септември побарав прием кај премиерот Димитар Ковачевски, денеска сме 3 октомври, 5 дена потоа, од Димитар Ковачевски сеуште не добив одговор, ме кани Битиќи на тело коешто досега ништо успешно не решило, зошто ова би го решило тоа успешно?, рече Мицкоски. Претседателот Мицкоски укажа дека подготвен е да го презентира концептот кој што нуди помош за излез од оваа кризна ситуација со која се соочува државата. -Јас сум подготвен да им го презентирам концептот кој што ќе значи сето она кое што го зборувам изминатиов период. Ако се спореди со цените на берзата тоа што го нудам е под 200 евра за мегавет саат концептот за компаниите, да нема зголемување на цената за затоплување на граѓаните кој што го користат и институциите централното затоплување, истовремено да има 100 милиони заштита споредбено со тоа што тие се подготвени да го потрошат за да обезбедат електирична енергија и затоплување, исто така нудам измени во законот за енергетика, додаде Мицкоски. |