Вторник, 04 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило

7d092111

Лефков: 8 месеци откако Ковачевски стана премиер, фирмата основана од него почнува со фабрика во ТИРЗ Тетово од 54 милиони евра

Аферата Броило на Ковачевски зазема димензии од десетици милиони евра кога дезертерот Ковачевски доаѓа на позицијата премиер.

Денес објавуваме нови сознанија која е основата на соларниот картел создаден преку исклучителна трговија со влијание злоупотребувајќи државни позиции и функции.

Сомневањата се дека Ковачевски и кумот формирале приватна фирма за производство на фотоволтаици за да продаваат на државната ФЕЦ Осломеј.

Односно, Кумот и Ковачевски формираат компанија, а државата обезбедува милионски бизнис.

Еве ги чекорите кои ги направиле.

8 месеци по седнувањето на Ковачевски на премиерското столче, на 24.08.2022 година, од него основаната Пиксел груп основа фирма за изградба на фабрика за фотоволтаични панели во ТИРЗ Тетово заедно со бугарската фирма АЕ Солар Хорајзон од Софија, под името АЕ Солар АД Тетово.

АЕ Солар АД Тетово, според написите во медиумите е инвестиција во висина од 54 милиони евра. Во неа уделот на фирмата основана од Ковачевски е 40%, делот кој таа според ова ќе го инвестира во фабриката е 21.6 милиони евра.

За извршен член на одборот на директори е именуван кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, а за неизвршен член на одборот на директори, Мирјана Паунова, негова сопруга, кума на Ковачевски.

Дури и бугарската фирма партнер на соларниот картел е формирана откако Ковачевски станува премиер во Македонија.

Имено од јавно достапните податоци се гледа дека фирмата партнер на Пиксел груп основана од Ковачевски, Солар Хорајзон АД Софија е формирана на 24.03.2022 година, скоро 4 месеци откако Ковачевски е избран на премиерската позиција, и тоа се 15 илјади лева основачки капитал.

Дали бугарската фирма партнер е основана практично само за партнерство со Пиксел груп основана од Ковачевски? И колку ќе ја чини ова Македонија?

Како што веќе брифираа медиумите, владата треба да потпише и договор за државна помош со фирмата во која Пиксел груп, формирана од Ковачевски е 40% сопственик.

Имено доколку АЕ Солар АД Тетово, добие државна помош тоа ќе значи дека премиерот Ковачевски потпишува државна помош за фирма во сопственост на фирма основана од него, а застапувана од неговиот кум.

Ова не е прв пат кога фирмата основана од Ковачевски зема државна помош. Пиксел груп има 8 исплати од државата од 2019 година до 2021 година, 8 исплати од државата, а за половина од тоа време Ковачевски е заменик министер за финансии.

Во овие 8 исплати исплатени се вкупно 443 илјади евра, а во периодот од 2020 до 2021 година исплати се вршени и од Фондот за иновации во вредност од 70 илјади евра, и тоа е исто така време во кое Ковачевски е заменик министер за финансии. Во дел од овие исплати Ковачевски веќе е мандатар за состав на новата Влада.

Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра. Тој нема повеќе легитимитет да ја извршува премиерската функција и треба веднаш да си поднесе оставка.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=XGzkRopabZ8

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.