Четврток, 06 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Панде Колемишевски : Со дозвола на Владата, царот Борис Трети ја освојува Македонија

1pand1 Панде Колемишевски

По формирањето бугарски клубови низ државата Бугарскиот цар Борис Трети повторно јава на бел коњ низ Македонија. Преку формирање наводни здруженија и културни клубови со негово име и со име на други злосторници, Бугарија ја засилува кампањата за постепено создавање услови за бугаризација на Македонија и нејзиниот народ. Не еднаш е кажано дека она што не го постигнала со четири војни во минатиот век сака да го оствари по мирен пат и со европска помош. Крајната цел е уставно и државотворно да ја слее во еден политички субјект и гранично да ја припои територијата на сегашна Северна Македонија што ја смета за географски поим, не за држава. Низ тој акт ќе сака да оствари уште една своја стратегиска, вековна цел – да го уништи македонизмот и да го снема македонскиот народ од мапата на народите, како и неговата историја, јазик и писмо. Во таа осмислена конструкција е вметната намерата преку плеќите на Македонија да се изврши рехабилитација на делот од фашистичката бугарска историја пред сопственото огледало и во очите на светот.

    Според прифатениот и речиси подзаборавен протокол, нашата држава гарантира за слободно остварување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија, за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница.

    Напишаните редови се последни реченици во протoколот потпишан со Бугарија. Што значат тие? Значат дека царот Борис Трети слободно ќе јава на бел коњ во Македонија, Ванчо Михајлов ќе прави устав, а среде Скопје ќе се веат бугарски знамиња на секој наш и нивни празник.

На ваквите очигледни тенденции нема реакции од официјалните македонски власти. Тие мудро молчат или измислуваат небулозни објаснувања и оправдувања. Наместо нив, со големо историско, морално и човечко право реагираат од Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кои соопштија дека се згрозени и навредени од регистрацијата на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид и од „леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза“. Оттаму потсетуваат дека во 1943 година, за време на Втората светска војна, царот Борис Трети и Владата на царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и во Србија, од кои 7.144 Евреи од Македонија се однесени во центарот за убивање Треблинка, во окупирана Полска.

Од политичките партии само Левица, најпотценетата и напаѓана политичка партија, контроверзна, но истовремено во постојан раст на политичката сцена, најави иницијатива за забрана на најавеното здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, како што претходно го стори истото тоа и за здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола. Не е првпат партијата што на сите други ривали „им брца“ во очи да покажува најголема упорност и храброст во заштитата на македонските национални интереси, трпејќи ги критиките и недокажаните јавни обвинувања дека е под руско влијание и работи во корист на Владимир Путин.

Забележлив е молкот на другите партии. ВМРО- ДПМНЕ на таа тема игра топло – ладно, оптоварена со пробугарските остатоци во своите редови и со наследството од нејасното национално чувство на претходниците во нејзините раководни врвови. НСДП, ЛДП, Зелените, Демократскиот сојуз, ГРОМ живеат меѓу личните интереси на шефовите и стресот од преживување и побрзо би ја жртвувале државата одошто своите високи позиции. Нивната улога за затворање на собраниските гласачки дупки на национална штета ја одиграле повеќепати.

1hitler1

ДУИ е главниот страничен играч. Тој не е политички суфлер, повеќе се покажува во функција на наредбодател на СДСМ. Неговите интереси се амбивалентни, но чисти и јасни – во добивка е ако Македонија остане цела, можеби во поголема ако Македонија се распадне. Бујар Османи, неговата дипломатска перјаница, ја има и добро ја користи адут-картата што му е дадена да игра преферанс во кој Македонија не може да биде победник. Во таква корист ДУИ ги распоредува своите кадровски ресурси и дома и во македонските дипломатски претставништва – од амбасадори до домари.

Во центарот на вниманието е Социјалдемократскиот сојуз. Изборно, уставно, формалноправно, таа е владејачка партија во Македонија, иако многумина се убедени дека е таква само на хартија. Заглавена во времето и во идеите на поранешниот претседател Зоран Заев, околу односите меѓу Македонија и Бугарија, не може да одреди линија што би ја дефинирала како патриотска партија и како заштитник на интересите на македонскиот народ во бурниот балкански вртеж. Се има чувство дека СДСМ бега како од ѓавол околу изјаснувањето по македонското национално прашање низ историјата и од ова што се случува денес. Нејзиното младо раководство или не знае македонска историја, или не сака да знае историја или, пак, знае, но намерно ја подведува на дневнополитичките интереси и на советите од странците, а на сопствена, македонска штета. Како да е оперирано и трајно онеспособено за изразување македонско национално чувство.

Таму никој не сака да помисли, да се охрабри, да каже збор критика за преговарачката рамка, за протоколите, за вкупните односи со Бугарија, која Македонците ги третира како заостаната, глупава, тупава нација без корен, без срце и душа. Едноставно не ги признава дека постојат како луѓе. Таму никој не претпоставува дека по промена на учебниците ќе се појават барања за промена на имињата на училиштата, по училиштата ќе дојдат промените на имињата на улиците, по промена на улиците, ќе следува промена на презимињата. Бугарите имаат сериозни искуства во оваа ономастичка област. Ако од СДСМ не веруваат во овие пророчки реченици, нека прочитаат дел од историјата на Македонија во Втората светска војна за време на бугарската окупациска администрација или за погромот на Турците во времето на Тодор Живков.

Во врска со именувањето на клубовите со имиња на личности што биле на страната на фашизмот, Министерството за правда се правда дека до него не било доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети“, како што не било ниту за клубот „Ванчо Михајлов“. Од неговите канцеларии се слуша ехото дека немале ингеренции да се мешаат во тие државни опасности. Не може да се верува дека во министерството не знаат дека постојат пишани и морални закони, за да не го користат вториот легален начин за решавање на проблемот, не преку комисии што се формираат со цел прашањата да останат нерешени.

Долго молчи и Јавното обвинителство, како и другите државни органи, за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави.

На крајот следува клучниот одговор на прашањето зошто сите молчат и никој ништо не презема за да се спречи таа злоупотреба. Одговорот е – затоа што така сака, така решила македонската влада. Повеќе од јасно е дека во договор со македонската влада е отворен клубот на здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола. Во договор со македонската влада ќе биде отворен клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид. Ништо е случајно и непознато. Сите дозволи се обезбедени преку разговори и во согласност меѓу министерствата на двете држави, преку дипломатски канали, за јавноста непознати конекции. Во дипломатијата се користи изразот „премолчена согласност“, што значи нема ништо на хартија, а има во стварност. И сето тоа се одвива во рамките на историското помирување и под геслото за добрососедство и пријателство.

За да нема недоразбирања треба конечно отворено да се каже дека Република Македонија се согласила да се случува тоа што се случува. Имено, тоа го налага протоколот потпишан на 17 јули 2022 година од Бујар Османи и од Теодора Генчовска, а составуван многу порано. Со тој протокол, кој наводно бил неважен, Република Северна Македонија се обврза „да преземе мерки со кои ќе се осигури ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Северна Македонија“.

Според прифатениот, речиси подзаборавен протокол, Македонија „гарантира за слободното остварување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија, за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница“.

Погоренапишаните редови се последни реченици во протoколот. Што значат тие? Значат дека царот Борис Трети слободно ќе јава во Македонија, Ванчо Михајлов ќе прави устав, а среде Скопје ќе се веат бугарски знамиња на секој наш и нивни празник.

Превземено од Нова Македонија

https://novamakedonija.com.mk/featured/so-dozvola-na-vladata-carot-boris-treti-ja-osvojuva-makedonija/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.