Четврток, 06 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Ова нема да биде последната уцена и вето кон Македонија од страна на бугарската страна
10928 
 
Никола Мицевски : Полека но сигурно, вистината испливува на површина!
 
Иако декларативно и постојано не’ убедуваат дека македонскиот јазик е „заштитен“, конечно гледаме дека тоа не е вистина.
 
Очигледно, само Владата на Република Македонија не ја гледа или не сака да ја види бугарската негаторска и асимилаторска политика кон Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик.
Имено, последниот доказ за тоа е заедничкиот став на бугарските европратеници.
 
Без разлика од која политичка опција доаѓаат, тие бараат БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК.
Ова повеќе не се само желби искажани напразно, ова е веќе официјална политика на Бугарија кон Македонија, која што во текот на вчерашниот ден, уште еднаш се потврди преку амандмани на Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур, поднесени од страна на бугарските европратеници каде побараа бришење на македонскиот јазик.
 
Како едни од подносителите на овие амандмани се вбројуваат и Сергеј Станишев, претседател на Групата на социјал-демократи во Европскиот парламент и поранешен премиер на Бугарија, како и од Александар Јорданов, од Сојузот на демократски сили и поранешен амбасадор во Македонија.
Значи, без разлика на која политичка опција припаѓаат бугарските претставници и државници, бугарската политика и дипломатија кон македонското прашање не се менува. За жал, тоа не е случај и кај нас.
 
Токму затоа, уште еднаш јасно и гласно кажувам дека решението не е во ова што ни се нуди и упорно ни се сервира како опција која што треба и мора да ја прифатиме.
Ве уверувам дека ова нема да биде последната уцена и вето кон Македонија од страна на бугарската страна, бидејќи токму штетниот Договор за добрососедство потпишан од страна на македонската влада го дозволува тоа.
 
Оттука, повторно сакам да упатам силна порака дека уставни измени нема да има се додека не се укине и измени уценувачкиот и асимилаторскиот Договор за добрососедство, кој што за волја на вистината е извор на сите неправди, уцени, негации и омаловажувања на македонскиот народ.
 
Ова е мојот став и ставот на ВМРО-ДПМНЕ од кој нема отстапување и нема попуштање.
 
Сакале или не, ова мора да го разберат и прифатат и претставниците од македонската и претставниците од бугарската Влада.
 
3107008
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.