Петок, 07 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители

1расхела1

Мизрахи: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за измена и надополна на Законот за здруженија и фондации со што ќе се спречи идно формирање и може да се реагира на веќе постоечките регистрирани здруженија

Пред дваесет и две години на третата конференција за холокаустот во Стокхолм поточно во 2000 година, барањето на Република Бугарија да биде прогласена за земја праведник – земја која ги заштитила Евреите од депортација, беше одбиено од учесниците на конференцијата со образложение дека монархофастичкиот режим во Бугарија предводен од Цар Борис III и владата на Богдан Филов изврши депортација на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија.

Како што знаете, Македонија во текот на втората светска војна загуби 7.144 Евреи од Македонија кои беа депортирани од бугарската фашистичка војска, во логорот на смртта - Треблинка од каде никој не се врати. Во нивен спомен обележје во Скопје е изграден меморијален центар кој воедно е и единствениот сефардски меморијален центар во светот. Официјалната документација, која ја раскажува вистината за овие случувања во време на Втората светска војна, се наоѓа во самиот меморијален центар, меѓутоа и во Вашингтонскиот меморијален центар како и Јад Вашем во Израел и се јавно достапни.

Во последниве две години, на политичката сцена во Македонија и Бугарија, за жал се повидливи стануваат актерите кои се залагаат за ревидирање на историјата, историските факти што меѓу останатото резултира со обиди за  искривување на вистината за холокаустот на Евреите од Македонија.

Секако ова е во целосна контрадикторност со резолуцијата на Обединетите Нации за спречувањето на негирање на холокаустот од 20 јануари 2022 како и дефиницијата на ихра  која е усвоена од Европската комисија.

Само еден елемент на овој процес е отворање на т.н. “културни центри“ со називи на контроверзни историски личности и фашисти, како што е Цар Борис III, кои имале директно учество во геноцидот на Евреите од Македонија.

Би сакала да нагласам дека Евреите од Македонија се дел од европското семејство и ваквите процеси, за мене, а верувам и за сите вас се неприфатливи и претставуваат повеќе од сериозна провокација.

Почитувани, ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување на вредности на третиот рајх затскриени преку злоупотребата на европската ѕвезда.

Ова не се европски вредности.

Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај.

По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.