Сабота, 15 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Николоски: Безбедносните служби наместо да го прислушуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ да испитаат кој хара по Македонија и финансира отворање на бугарски клубови

1niko090 Николоски

-Нешто со што недоволно се занимава јавноста е финансирањето на бугарските клубови со што би сакал да ги повикам надлежните институции во Македонија, пред се мислам на Агенцијата за разузнување, на Агенцијата за национална безбедност и на финансиското разузнување, тоа е нивна работа да испитаат кој хара по Македонија и кој финансира отварање на овие бугарски клубови во Македонија?, запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Трилинг“.

Николовски во своето гостување посочи дека бугарските клубови во Македонија се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници и е добро познат  на нашите служби.

-Тие клубови не се финансирани со домашни средства, не се финансирани од основачите на тие клубови, ниту се финансирани директно од бугарската држава преку програма за поддршка на националните малцинства, туку се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници, добро познат претпоставувам на нашите служби.

Треба малце да си поводат сметка што и како прави и како е возможно да доаѓа во Охрид на отварање на клубот „Цар Борис  како што го нарекоа и како е возможно да овие клубови се финансираат, тоа е директно мешање на внатрешни работи на суверена држава.

Наместо да се занимаваат овие  институции со ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се занимаваат  со тоа како да не прислушуваат мене и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и физички да не следат и да измислуваат би рекол глупости за нас кои ги пласираат преку портали и новинари, да се малку повеќе позанимаваат со тоа што им е опис и попис на работни задачи, а тоа е заштита на државниот и уставниот поредок во Македонија, додаде Николоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.