Недела, 16 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ нуди 5 мерки кои се конкретни и директно решение за проблемите

1vmro2

Реалната поддршка на пакетот мерки на владата е само 30 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ нуди 5 мерки кои се конкретни и директно решение за проблемите

По правило пакет мерките кои ги предлага власта на СДС во време на криза или се задоцнети или се промашени или се обичен маркетиншки трик. И овој пакет мерки кој сега го преставуваат не ги решава суштинските проблеми на граѓаните и на стопанството, туку се само купување на мир за неколку емсеци.

Вистината е дека реалната вредност на поддршката на владата не е 360 милиони евра, туку само 30 милиони евра. Како за споредба Хрватска во својот пакет есенски мерки предвиде реална поддршка од над 2,8 милијарди евра.

Како резултат на лошите економски политики на власта Македонија има убедливо најниско ниво на раст на БДП и според прогнозите ќе ја завршиме годината единствено подобро од Русија и украина. Тоа е поразително.

Во исто време македонските компании плаќаат најскапа цена за електрична енергија во регионот, а граѓаните се соочуваат со една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Тоа значи дека стандардот тоне, а економијата умира.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди пакет од 5 конкретни мерки кои власта треба да ги земе предвид, кога веќе самите не знаат да направат ништо.

1.     Предлагаме вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ.

2.     Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата.

3.     За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните.

4.     Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.

5.     Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на  компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .

СДС и Ковачевски покажаа целосна неспосбност и затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија нуди решенија за поддршка на работните места, поддршка на стопанството и поддршка на стандардот на граѓаните. Власта е на потег.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.