|
||||
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за уставните промени |
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за уставните промени, нашите забелешки не беа применети Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа под овие околности значи дека сите овие забелешки кои ги дадовме изминатиов период а јас како пратеник уште од потпишување на договорот во 2017та година, сите овие забелешки кои ги имавме во протестите кои ги организираше ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на кои што масовно излезе народот и на кои што 70% од граѓаните беа против овој договор и рамката која што беше поставена и сите овие забелешки кои што ги имаа историчарите односно здружението на историчарите додека не бидат надминати и разрешени и објаснети кај граѓаните нема шанси да се даде поддршка, затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е кохезивна, потенцираше Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на Телевизија 24. Дополнително тој повторно го потврди ставот на пратеничката група околу ова прашање и посочи дека ова не е истата пратеничка група како онаа од 2018. Морам да кажам дека оваа пратеничка група е различна од таа пратеничка група, процесот на обезбедување на гласови е сосема различен. Во текот на вчерашниот ден имавме можност да го слушнеме претседателот Пендаровски како вели дека не би сакал да дојде ситуација за обезбедување гласови на начинот на кој што беа обезбедени за промена на името, со што ги потврдува овие мои тези и сметам дека 2022 година е многу поразлична од 2018 година вклучувајќи ја и пратеничката група така да тука сакам да ја затворам оваа тема и да дискутираме на она што претставува проблем а тоа е дека ние преговори се уште немаме отворено со ЕУ иако не убедуваат дека имаме отворено, претстои процес на скрининг во кој што ќе излезат сите забелешки кои што ги има дадено ЕУ а пред се се во делот корупцијата, владеењето на правото и високата корупција, истакна Мицевски. |