Четврток, 27 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Во Благоевград одам да дадам поддршка на Македонците

hristijan 2

Мицкоски: Во Благоевград одам да дадам поддршка на Македонците во Бугарија, жалам што претседателот и премиерот решија да не доаѓаат и да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред  денешниот настан во хотел Хилтон „Политички дијалог на ЕПП - партиите од регионот“ одговарајќи на новинарско прашање изјави дека на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград ќе оди да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да им даде до знаење дека Македонија стои позади нив и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже и ќе ги штити нивните интереси.

- Немаме ние антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, рече Мицкоски.

 Во врска со тоа што премиерот Ковачевски нема да оди, а претседателот Пендаровски вели дека не бил поканет, Мицкоски истакна дека не верува во тоа што го кажуваат и дека ова беше можност да се покаже политичко единство, но тие одлучиле да служат на туѓи интереси.

- Ова беше можност да се покаже политичко единство, но за жал тие кои имаат полна уста за единство за обединување требаше со нас да одат таму и да ги стегнат рацете на Македонците во Бугарија кои се одважија и ги поканија политичарите во Македонија. Ако сум бил јас поканет сигурно е и тој поканет, но навикнати сме на такво однесување, жалам што не се надминаа себе се, жалам што остануваат да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ. Јас сум убеден дека македонскиот народ знае на следните избор гласно да зборува на кому да ја даде довербата, потенцираше Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.