Понеделник, 31 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Петрушевски: Ковачевски и владата не ја известуваат ДКСК за именуваните функционери, власта стои зад Тајни имоти
1petrusev1
 
Аферата Тајни имоти, во која се крие имот вреден над 30 милиони евра е директен производ на дезертерот Ковачевски. Ова го потврди и претседателката на ДКСК, која префрлајќи ја топката кон владата јавно обелодени се.
 
Имено како што кажа Ивановска, владата не доставувала известување до ДКСК за ново именувани функционери, иако за тоа има обврска.
Владата, а со тоа и Ковачевски се тие кои всушност овозможуваат да биде криен имотот. Но што се се крие?

Аферата Тајни имоти опфаќа и поранешни градоначалници на СДС, кои катастрофално изгубија на локалните избори, а како награда од СДС добија нови функции.

Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот.
Наумоски кој беше проследен со бројни афери додека беше на градоначалничкото место го крие својот имот.
Што крие Наумоски? Тој на свое име нема евидентирано имот, но поседува луксузно теренско возило БМВ Х5?

Имот крие и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот.

По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста.

Овие функционери именувани од владата извршуваат одговорни функции, и располагаат со средства и менаџираат институции кои се од витално значење за функционирањето на државата. Но тие наместо за пример како треба да се работи, служат за пример, како не треба да се работи.
И наместо да бидат разрешени од позициите на кои се именувани, овие директори се заштитени од Ковачевски, кој ја префрла топката со ДКСК.
Аферата Тајни имот, во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира. За овие и за сите други незаконитости одговорност ќе има.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.