|
||||
ВМРО-ДПМНЕ овој викенд (05, 06 ноември) организира политички саем по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците |
ВМРО-ДПМНЕ организира отчет за сработеното на политички саем, „Саем на промени што носат иднина"
ВМРО-ДПМНЕ овој викенд (05, 06 ноември) организира политички саем по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците кои победија на последните локални избори.
Новина е тоа што самиот настан ќе трае 2 дена, и нема да биде класичен отчет туку политички саем каде ќе се презентира сработеното во секоја општина. Слоганот под кој ќе се одвива настанот кој за прв пат го организира било која политичка партија е „Саем на промените што носат иднина".
Ќе има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица, редица други теми. Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и реформските процеси.
Воедно саемот покрај на главната бина ќе се одвива и на 6 други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија. Настанот ќе биде отворен во саботата со воведен говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа интерактивниот дел ќе продолжи дента во наредните 8 часа, и неделата со нови содржини. ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги остваруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза.
Промените се видливи, и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме. Настанот ќе се одржи во Холидеј Ин Скопје со почеток во сабота во 11 часот.
Линк од видео материјал:
|