|
||||
ВМРО-ДПМНЕ : најгломазниот буџет во историјата на државата ќе служи за криминал и корупција |
Срамно е сто СДС со најголем буџет од 5.3 милијарди евра ќе одвојува 750 денари за помош и со тоа се фали, наместо козметика да ги применат мерките кои ги предложивме Срамно и ниско е што СДС со буџет од 4.4 милијарди евра за 2022 година или 5.3 милијарди за 2023 година двои помош од 750 денари и со тоа се фали. Наместо да троши пари на нивни луксузи, и договори во четири очи ние предлагаме: 1. Викенд без ДДВ за прехранбени производи во период на прогласена кризна состојба т.е. до 30 април 2023 година. 2. Дополнително одложување на прогресивното оданочување кое треба да стапи на 01.01.2023 година. 3. Дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните со категории на граѓани кои се испуштени (сите самохрани родители, средношколците, невработените лица кои се активни баратели на работа според евиденцијата на АВРМ, децата без родители и родителска грижа, како и корисниците на гарантирана минимална помош). Финансиската поддршка од 3000 денари наместо четири месеци да биде секој месец додека има прогласена кризна состојба, односно заклучно со април 2023 година. 4. За примателите на пензија со износ до 14.000 денари финансиската поддршка да биде 3000 денари месечно, за пензија до 30.000 денари 2000 денари финансиска поддршка и за останатите пензионери по 1000 денари месечно додека трае кризната состојба. 5. За студентите предлагаме враќање на мерката субвенциониран студентски оброк како минатата академска година, но со субвенција која ќе биде 160 денари дневно. 6. Покрај АД ЕЛЕМ, нафтените резерви да може да стојат на располагање во краен случај и за образовните и здравствените институции кои ги користат овие енергенси за затоплување. 7. Со дополнувања во законот за данокот за додадена вредност огревното дрво и пелетите да се ослободат од ДДВ. Според податоци на Државниот завод за статистика, 280.000 домаќинства се греат на огревно дрво, а 50.000 домаќинства со пелети или брикети. 8. 50% намалување на акцизите за моторните горива т.е. дизелот и бензините. Ова се најновите, но не и последни предлог мерки кои ВМРО – ДПМНЕ јавно ги презентира и апелира Владата на СДСМ и ДУИ да ги прифати час поскоро. Истите се внимателно таргетирани и ги опфаќаат токму најранливите категории на граѓани, но и се реална поддршка за стопанството кое е пред колапс. Ако СДС сака да им помогне на граѓаните и стопанството, тогаш ќе ги прифатат мерките во целост. Доколку СДС продолжи да калкулира, тогаш само ќе потврдат дека не им се важни граѓаните, туку нивниот личен интерес. И дека најгломазниот буџет во историјата на државата ќе служи за криминал и корупција. |