Среда, 16 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Власта треба да ги затвори сите бугарски клубови

5mic9

Мицкоски: Власта треба да ги затвори сите бугарски клубови како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград

„Ние не само што ги поддржавме туку ги предложивме преку пратеничката Рашела Мизрахи тие измени, и добро е што беа прифатени и усвоени од страна на Парламентот. И треба веднаш да се тргне во процес на апликација односно затворање на тие клубови бидејќи македонскиот клуб што беше отворен во Бугарија веднаш реагираше бугарската држава и го затвори. Така што не треба да се чека и не треба да се одолговлекува и треба веднаш да се отпочне со затворање на овие клубови кои што се отворени на нашата територија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

Мицкоски додаде дека овие денови СДС се обидува да дефокусира, да измислува невистини за ВМРО-ДПМНЕ и за него. Причина зошто власта треба да ги затвори сите бугарски клубови е како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград.

„Затворањето на клубовите бугарски во Македонија не е причина зошто некој бил соработник или не бил соработник со ваков или со таков. Туку е политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој македонски културен клуб, каде што културно ќе се организираат, ако Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат своите права кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, јас не гледам уште една причина зошто овие 1.500 граѓани на Македонија кои што се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин јазик да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека многупати во минатото ВМРО-ДПМНЕ се има изјаснето дека двата клуба треба да се затворат.

„А, затворањето на клубовите бугарски во Македонија да бидам попрецизен и да бидам јасен и да нема никакви дилеми па дури и да не може овие пишувачите и луѓето кои што имаат тенденција и кон мене лично и кон ВМРО-ДПМНЕ да вадат од контекст, сите клубови кои што се отворени треба да бидат затворени како мерка на реципроцитет бидејќи македонскиот клуб во Бугарија беше затворен. И ниту еден нов не треба да се дозволи па макар и го носел името на Пејо Јаворов или Димитар Благоев“, нагласи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.