Сабота, 19 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Николоски: Власта секојдневно тера кампања дека е прозападна, а навика им стана да соработуваат и да делат државјанства на лица кои се на црната листа на САД

1NikoloskiСо оваа влада на СДСМ и на ДУИ неказнивоста и неодговорноста се симбол, што е директно разјадување на секој демократски систем. Јас не сум изненаден што никој од владата не е спремен да поднесе одговорност за овој огромен скандал. Прв кој што треба да поднесе одговорност е секако директорот на Агенцијата за национална безбедност, но исто така од тука не треба да се исклучат и министерот за внатрешни работи и премиерот.

Директорот на АНБ треба да поднесе одговорност затоа што не направиле соодветна проверка при издавање на државјанството, додека министерот за внатрешни работи да потсетам дека стои позади аферата за 2015 пасоши колку што знаеме, а веројатно се и повеќе, за белосветски криминалци, за трговци со дрога, за измамници и за убијци кои што сите имаат македонски пасош. Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Велес одговарајќи на новинарско прашање за став околу скандалот со издавањето пасош на украинскиот олигарх Онишченко и за тоа дали очекува да има одговорност од Директорот на АНБ, Виктор Димовски.

Тој исто така истакна дека тезите кои власта се обидува да ги наметне во јавноста за овој скандал бидејќи процедурата за издавање државјанство е јасна и се знае кај треба да се бара одговорноста за ваквиот пропуст.

„Во таа насока би сакал неколку тези да разбијам во јавноста. Првата за која што оди во јавноста од вчера е дека тоа не е одговорност на директорот на АНБ, туку на некојси секторски началник, што е апсолутно неточно затоа што одговорното лице е секогаш оној кој што го води соодветниот орган. Дополнително, образложенијата дека требало да се искомуницира со една или со друга организација не држат затоа што при издавање на државјанство има јасна процедура како треба да се направи. Тоа е прво. Второ и министерот за внатрешни работи, а и директорот на АНБ кажаа дека без разлика што ова лице е на црната листа на САД не мора да значи дека е криминалец. Да ја информирам јавноста дека на официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи на Украина постои активна потерница против ова лице уште од 2016 година. Значи уште од 2016 година Украина го бара и бара испорачување на ова лице и ова лице можеби затоа побарало македонски пасош со цел да не биде екстрадирано во Украина и да не одговара  за злоделата кои што ги направил таму или криминалот кој тој го направил таму“, потенцираше Николоски и додаде:

„Стана навика на оваа власт да соработува со лица кои што се на црната листа на САД, па покрај актуелниот случај со украинскиот олигарх да потсетам дека пред скоро време МВР набави еден огромен информациски систем од компанијата „Инфинити“ која што е на црната листа на САД и е во сопственост на синот на Милорад Додик кој што исто така е на црната листа на САД. Така што стана навика за безбедносните структури во државата предводени од СДСМ и од ДУИ, министерот за внатрешни работи, директорот на АНБ да соработуваат со лица кои што се  на црната листа на САД во исто време кога претседателот на Владата секој ден води кампања која што веројатно му ја напишал некој, колку што знаеме странски ПР експерт кој што скапо го плаќаат во која што тој се преставува како прозападен, а ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го престават како анти-западно. Епа тој прозападниот соработува и дели државјанства кои се на црната листа на САД“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.